ИЗРАЕЛСКИТЕ СИЛИ ЈА БОМБАРДИРАЛЕ НИВНАТА КУЌА: Загинаа 41 член на палестинско семејство
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2023 19:09
Убиени се 41 член од исто семејство во Газа.
Министерството за здравство во Појасот Газа објави дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа. Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка. Сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа.
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска изјави дека верува оти набрзо ќе биде постигнат договор за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа. Хамас држи од 200 до 250 израелски заложници во Појасот Газа.
Бројот на раселени лица во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел достигна околу 1,7 милиони, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА).
Тројца команданти на Хамас се убиени за време на ноќните воздушни напади, објавија израелските сили.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




