08 Декември, 2024
0.0288

ИЗГОРЕА ШУМИ, ПОСЕВИ, ОБЈЕКТИ: Жителите на светиниколско чекаат обештетување, надлежните се на потег

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Жители на селата во околината на Свети Николе летово во пожарите останаа без своите домови, посеви, помошни објекти и чекаат обештетување од државата. Надлежните за ова прашање, велат дека проценката се врши на терен и процесот не е целосно завршен. 

Сепак, од Владата порачуваат дека грижата за граѓаните ќе остане во фокусот. 

„Фокусот на Владата е да грижи за граѓаните и стопанството во случаи на природни/ елементарни непогоди и други несреќи, да излезе пресрет на сите, вклучително и на единиците на локалната самоуправа каде е причинета штета. Ве информираме дека на подрачје на Општина Свети Николе во врска со пожарите од месеците јули и август до сега од страна на оштетени граѓани се поднесени 209 записници за причинета материјална штета коишто настанале како резултат на пожарите каде што во прилог ни се доставени и имотни листови од оштетените граѓани. По однос на опожарени куќи и помошни простории, угинати животни и земјоделски посеви во моментов не располагаме со точна бројка од причина што увидите по доставените записници за штета се во тек. По однос на доставените елаборати од страна на граѓаните, истите имаат доставено имотни листови и парична проценка за направената штета по што, по наредба на ОЈО, од страна на судски вештаци од соодветна област во содејство со ОВР Свети Николе се прават записници за направените штети. По дадени насоки од ОЈО Свети Николе, постапката ја води МВР - ОВР Свети Николе“, ни одговорија од Владата. 

Локалните жители велат дека оние кои останаа без своите домови, главно постари лица, сега се кај  децата во Свети Николе или во главниот град. 

„Имам изгорена шума. Изгорени се 4-5 хектари. Помина комисија, чекаме дали нешто ќе обештетат. Многу брзо се случи пожарот, многу брзо се ширеше огнот“, вели Димче Јосев, кој поседува имот во околината на Свети Николе. 

Други жители додаваат дека штетите се големи и луѓето треба да бидат обештетени час поскоро, затоа што тие не се виновни за лошото справување на државата со пожарите. Во огнената стихија настрадале постари, но и живеалишта кои биле во солидна состојба. 

„Има многу штети и во селото Орел, изгорени куќи и шума. Имаме еден роднина, во Немањици, нова куќа му изгоре и сега е кај децата во Скопје. Посевите исто изгореа. Друг роднина, имаше насади со ореви, му изгореа и кого да тужи, кај да се обрати?“, вели човек кој поседува имот во Орел. 

Според информациите објавени во медиумите летово, изгореле педесетина куќи во селата Немањици, Орел, Малино, плевни, земјоделска механизација, пчелни семејства. 

Повеќе држави летово помогнаа на Македонија да ги стави под контрола пожарите. Големи шумски пожари во земјава имаше и во 2021 година. Имаше многу укажувања дека недостигаат пожарникари, опрема, нови противпожарни возила. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание