14 Ноември, 2024
0.1261

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Во Владата денеска се одржа 25-та владина седница на која се избрани портпаролите на Владата на Република Северна Македонија.

За портпарол на Владата е избрана Марија Митева. М-р Марија Митева по професија е дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - правен факултет Јустинијан I, со магистратура по деловно право и положен правосуден испит.

На професионален план, Марија поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, со повеќе од 10 години прогресивно работно искуство. Нејзината професионална историја вклучува позиции како советник за правни работи во Владата, како и советник за нормативни работи во Град Скопје. Во изминативе години активно се занимава со политика, што резултираше со нејзин избор за пратеник во Собранието каде беше вклучена во креирањето и разгледувањето на значајни закони и политички одлуки кои влијаат на иднината на државата.

Во делот на неформалното образование, Марија има бројни доедукации, како што се обуки кои вклучуваат проектно планирање за ЕУ проекти, управување со квалитетот во јавните институции, родова еднаквост и медиумска писменост. Во 2022 година, Марија беше дел од програмата на Американски совет на млади политички лидери (ACYPL) организирана од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, каде го збогати своето знаење во рамки на меѓународната политика. Исто така, таа од 2021 година е алумни и на Шведскиот институт преку успешно завршен модул на Академијата за млади професионалци на тема - миграција и интеграција во Западен Балкан. Во 2019 година учествуваше во обуки за вклучување на напредни методологии за креирање јавни политики водени од податоци организирана од Меѓународниот републикански институт (IRI), како и обука за управување со квалитет во јавни институции и работеше на зајакнување на отпорноста против дезинформации организирана од Националниот демократски институт (NDI). Како член на работната група за родова еднаквост во рамки на проектот Жените водат (NDI) таа придонесе за промовирање на инклузивно управување и ангажман во политиката.

Митева е постојано ангажирана во политички дебати и форуми, со цел истражување иновативни решенија за клучните општествени проблеми, а нејзината посветеност кон континуираното учење и следење на политичките трендови е од огромно значење за нејзиното ефективно управување и служење на граѓаните, особено во областите на политиката и општествените науки, овозможувајќи подобро разбирање и пристап кон општествено одговорните прашања. Не ретко ги истакнува вредностите како интегритет и професионализам, кои ги смета за клучни во секојдневното работење и социјалниот ангажман. Со силна принципиелност, чесност и чувство за праведност, таа е целосно посветена на политиката и нејзино подобрување.

За портпарол на Влада е назначена и Венера Љатифи Азизи.

Венера Љатифи Азизи е поранешна уредничка и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М Телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 Телевизија, и други медиуми во земјата. Актуелно вработена во кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста и за поддршка на градоначалникот. Дипломиран политиколог во Универзитетот на Југоисточна Европа. Актуелно магистрант по дипломатија и меѓународни односи на тема „Улогата на дипломатските претставништва и евроатланските интеграции на Северна Македонија“. Мажена, мајка на две деца.

Наум Стоилковски е именуван за Советник за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли.

Стоилковски е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Стоилковски има повеќедецениска долга и плодна медиумска и новинарска кариера во домашни и странски медиуми, каде што професионално се надоградува и извршува повеќе функции во медиумската сфера.

Во неговата кариера работел во пишани медиуми, дневни весници, неделници, работел како ТВ новинар, уредник на вести, продусер, уредник и водител на ТВ и радио емисии, како и на современите интернет медиумски содржини. Оженет, татко на две деца.

Можеби ќе ве интересира

БОМБА ЈА ТРЕСЕШЕ КЕРАМИДНИЦА: Фрлена била во двор на куќа, едно лице е повредено

БОМБА ЈА ТРЕСЕШЕ КЕРАМИДНИЦА: Фрлена била во двор на куќа, едно лице е повредено

„ТОЧНО Е ДЕКА ТАКСИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СТАНЕ ПОСКАПО ОД АВИОНСКА КАРТА, АМА КАДЕ И ДА ЛЕТАТЕ НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА СЕ ВОЗИТЕ ВО КОЛА КОЈА СМРДИ НА ПЕПЕЉАРА„: Многу фина, распали за поскапувањето на такси превозот

ВО ВРЕМЕ КОГА СКОПЈАНИ МАКА МАЧАТ СО НАОЃАЊЕ ТАКСИ, НО И СО ЦЕНИТЕ - таксистите бараат поскапување на услугите

ВО ВРЕМЕ КОГА СКОПЈАНИ МАКА МАЧАТ СО НАОЃАЊЕ ТАКСИ, НО И СО ЦЕНИТЕ - таксистите бараат поскапување на услугите

ПОЖАР ВО ЕДИНСТВЕНАТА ГРАДИНКА ВО ЖЕЛЕЗАРА: Родителите ќе ги носат децата во друг објект, полицијата работи на откривање на причините

ПОЖАР ВО ЕДИНСТВЕНАТА ГРАДИНКА ВО ЖЕЛЕЗАРА: Родителите ќе ги носат децата во друг објект, полицијата работи на откривање на причините

КАДЕ ШТО БУЈАР ЌЕ ЗГАЗИ, ТРЕВА ВЕЌЕ НЕ РАСТЕ: Ванковска открива што направил Османи додека претседател со ОБСЕ

КАДЕ ШТО БУЈАР ЌЕ ЗГАЗИ, ТРЕВА ВЕЌЕ НЕ РАСТЕ: Ванковска открива што направил Османи додека претседател со ОБСЕ

ДОАЃА СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ќе донесе врнежи од дожд, снег, нова снежна покривка и северен ветер

ДОАЃА СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ќе донесе врнежи од дожд, снег, нова снежна покривка и северен ветер

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски чувал пиштол во партијата, адвокатот му позајмил 20.000 евра за три години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски чувал пиштол во партијата, адвокатот му позајмил 20.000 евра за три години

ДУИ НЕГИРА ДЕКА АХМЕТИ СЕ ЗАКАНУВА: Велат изјавите биле за заштита на албанскиот јазик

ДУИ НЕГИРА ДЕКА АХМЕТИ СЕ ЗАКАНУВА: Велат изјавите биле за заштита на албанскиот јазик

РАДЕВ: Македонија не треба да губи историско време за членство во Европската Унија

РАДЕВ: Македонија не треба да губи историско време за членство во Европската Унија