Изборите ќе скројат ребаланс на направениот ребаланс на буџетот?
Објавено во: Економија 04 Октомври, 2018 06:22
Ако има избори можеби нема да има и ребаланс на буџетот, или ако има, тој ќе биде со друга намена односно да обезбеди пари за изборниот процес. Нема потврда од Министерсвото за финансии, но останува ставот дека ребалансот е подготвен ама дали ќе биде пуштен на влада ќе зависи од преговарачкиот процес за обезбедување на двотретинско мнозинство за изгласување на уставните измени во Собранието. Се тврди дека ако с еоди на избори, комплетно се менуваат околностите па можно е да, таков каков што е подготвен, ребалансот воопшто да не се разгледува.
Иако годинава беше исклучително слаба реализацијата на капиталните трошоци од Министерството за финансии се тврдеше дека нема потреба за ребаланс затоа што на приходната страна буџетот нема отстапки. Сепак премиерот Зоран Заев најави дека ќе има прекоројување на државната каса за да може да се обезбедат пари за општините, кои имаат милиони натрупани долгови.
Инаку до осмиот месец годинава се реализирани само 23 отсто од проектираните пари за капитални проекти за годинава. Тоа не е ни четвртина од предвидената сума, иако бројките се за осум месеци. Во суми, Владата потрошила годинава само 91 милиони евра од планираните 391 милион евра.
Вкупните приходи за овие осум месеци изнесуваат 1,977 милијарди евра или собрани се околу 63 проценти од вкупно планираните. На расходната страна, реализацијата е исто така над 60 отсто за осум месеци. Сепак во овој дел, капиталните трошоци се потфрлени.
Од планираниот буџетски дефицит, Владата потрошила 37,5 проценти за осум месеци, или минусот во државната каса изнесува 111 милион евра.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




