Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи
Објавено во: Македонија 23 Април, 2024
Заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија е намален за околу 10.000 избирачи со право на глас во однс на последните избори - коланите што се одржаа во 2021.
На изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.
Вкупно 1 824 864 граѓани имаат право на глас на изминатите локални избори, кога се гласаше за нови градоначалници и членови на советите на 80 општини во земјава и градот Скопје.
Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список беа запишани 1 740 147. Во посебните извори од Избирачкиот список за лица кои се на привремена работа или престој во странство беа запишани 82 461 гласач.