Избега осуденo лице за обидот за убиство на Зијадин Села
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2019 17:12
Избега осуденo лице за обидот за убиство на Зијадин Села од Алијанса на Албанците.
Никола Војминовски кој има пресуда од 13 и пол години за обидот за убиство на пратеникот Села при упадот во Собранието од 27 април 2017-та година е во бегство. Потврдија и од Кривичниот суд дека полицајците кои го вршеле надзорот во неговиот дом додека беше во домашен притвор не го пронашле дома. Судот му определи мерка притвор откако ќе биде пронајден.
„По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница“ – стои во сопштението на судот.
За обид за убиство на Села, освен него, во јули минатата година осудени се и Кире Ѓорѓиевски на 13 години затвор, а иста казна доби и Александар Јаневски – Тошта. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




