18 Декември, 2025
0.1872

Ивица Коневски влегува во градежниот бизнис

Објавено во: Економија 15 Септември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Аеродром од 2009 до 2017, Ивица Коневски, покрај адвокатската канцеларија, отвори градежна фирма со дејност „изградба на станбени и нестанбени згради“.

Во новоформираното претпријатие „Ли Инвестмент“ со седиште во Аеродром, партнер на Коневски му е Левко Наумоски од истата општина, инаку познат како управител на градежната фирма Глиц Груп.

- Имам контакти со купувачи на недвижнини и тоа ќе се обидам да го искористам во бизнисот. Откако ја отворив адвокатската канцеларија, на околу илјада клиенти им помогнав да склучат купопродажни договори. Ова е само почеток и засега немам идеја кои ќе бидат првите проекти што би ги работел, но ќе видиме како понатаму ќе се развиваат работите и колку простор ќе се отвори за тоа. Партнерот е доста искусен во градежништвото и 30 години работи во оваа дејност, ни изјави Коневски.

Коневски важеше за жесток критичар на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а опозицијата му забележуваше дека е близок со поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков и дека добива адвокатски хонорари од Општина Кисела Вода.

За него пред година и пол дена се пишуваше дека во десеткатница во Аеродром, чија изградба била одобрена во време додека тој бил градоначалник, станал сопственик на деловен простор од 312 метри квадратни  во вредност од 442 илјади евра.

Тој на стартот од 2018 отвори своја адвокатска канцеларија во центарот на Скопје. Коневски, кој е дипломиран правник, претходно никогаш не работел како адвокат. Имаше амбиција по трет пат да биде избран за градоначалник, но на локалните избори 2017 изгуби од неговиот противкандидат од СДСМ, Златко Марин. Во 2006, на само 28 години, ја добива првата директорска функција и застанува на чело на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (ЈПССДП). За време на неговиот мандат се изградија десетици згради и стотици станови и постојано беше обвинуван од своите политички противници од СДСМ дека наместо заштитник на зеленилото во општината, тој бил во спрега со урбаната мафија.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје