Ивановска: Добивме осум луѓе од кај Груби, но треба да се прилагодуваме на нив
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2021 10:56
Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, во емисијата „Утрински брифинг“ потврди дека „Антикорупциска“ добила осум „рамковно“ вработени административни службеници од Министерството за политички систем на првиот вицепремиер Артан Груби, но дека се задолжени да ја прилагодуваат систематизацијата за да ги интегрираат.
- Станува збор за помлади сорабоптници, а нас можеби ни требаат виши советници. Сега ќе треба да се изврши обуката и да се прилагодува систематизацијата. Иако тоа е апсурдно, бидејќи ние се бориме против промени на систематизациите, кога се прават наменски заради вработувања, рече Ивановска во емисијата.
Таа рече дека добила ветување, но извисила за вселувањето во зградата каде што сега е министерството на Груби. Таму првично требало да се вселат ДКСК и Финансиска полиција, кои според Ивановска се поважни институции.
- Вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски прво ја избра ДКСК, беше запознат со сите проблеми и со сите предизвици. Детално беше запознаен со се. Разговара и со други министри и им реков дека во Европскиот извештај бара од државата да се залага во борба против корупцијата., а како сега ќе им објасните. Ми рекоа „Зарем таа зграда е?“, вели претседателката на ДКСК.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




