Иванов вели дека францускиот предлог е добра зделка
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2022 20:07
Во Бугарија веќе има оценки за францускиот предлог кој е со цел Македонија и Бугарија да се договорат, а источниот сосед да го тргне ветото за старт на преговори.
„Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор“, изјави за БНР копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Иванов, Бугарија е на пат да ја пропушти можноста за добра зделка што ја направи француското претседателство. Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да следи дали Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во Уставот на земјата како другите народи кои се основачи на републиката, а не како малцинство.
Во Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го оцени предлогот како лош. За него, ова е нокаут за македонската дипломатија.Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




