13 Мај, 2024
0.0190

Иванов ја прими репрезентацијата до 21 година

Објавено во: Спорт 12 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на македонската младинска фудбалска репрезентација по повод пласманот на Европското фудбалско првенство за фудбалери до 21 година.

На средбата Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, упатил честитки до младите фудбалери, до тренерите и до претставниците на Фудбалската федерација за освоеното прво место во групата и истакна дека тој, како и целата македонска јавност, е горд на вчерашната победа над репрезентацијата на Шкотска и пласманот на претстојното европско првенство во Полска.

- Вашиот успех покажа дека можеме да бидеме сите заедно, и сплотени и единствени да навиваме за Македонија. Ви благодарам на секој од вас за неговиот удел во оваа победа што ни ја приредивте, посебно за селекторот, за тренерите и за сите што инвестираа во вас. Ние веруваме во вас, порачал Иванов.

Според него, овие млади фудбалери се пресврт во фудбалот во независна Македонија и генерација на која допрва и претстојат забележителни резултати.

Селекторот на младинската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски се заблагодари за приемот и изјавил дека со напорната работа ќе продолжат и во иднина.