ИВАН ИВАНОВИЌ: Косово да беше Србија, третина од пратениците во парламентот ќе беа Албанци
Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2024
Косово неодамна го забрани српскиот динар, а Србија реагира на тоа.
Водителот Иван Ивановиќ постави прашање во врска со преговорите кои се водат меѓу Белград и Приштина. Тој директно ги праша граѓаните дали го сакаат Косово со два милиони Албанци како дел од Србија.
„Во однос на Косово, длабоко размислувајќи дојдов до следниот заклучок: кој е нашиот најголем проблем? Не е дека сакаме Косово да биде Србија, туку проблемот е што не сакаме да постојат Албанци. И тоа нема да се случи, тие сигурно ќе постојат. Значи, ако размислите малку, Косово да беше Србија, третина од пратениците во парламентот ќе беа Албанци, едно од 4-5 министерства ќе беа Албанци, можеби дури и ќе дојдете во ситуација Курти да биде премиерот на Србија“, рече Ивановиќ.
На Косово живеат околу 100.000 Срби.