ИТНО ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛОТ НА ВОЈСКАТА НА СРБИЈА: Бараме итни мерки за заштита на српскиот народ на Косово
Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2023 17:42
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ се обрати до нацијата во врска со ситуацијата на Косово и Метохија.
- Сакам да ве информирам дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на страшен погром од приштинскиот режим на Аљбин Курти. Србите се секојдневна мета на Аљбин Курти. Единствена вина им е што имаат српски имиња и презимиња, а веројатно и што не сакаат да го напуштат своето огниште. Теророт што го спроведува режимот на Курти веќе не може физички да се издржи.
Согласно сите факти и поради коректната и професионална соработка што ја имаме, го информирав командантот на КФОР дека со голема вознемиреност ги следиме настаните и бараме да се преземат итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок. Ова е нашата молба до единиците на КФОР, целиот КФОР и другите меѓународни безбедносни институции на Косово и Метохија.
- Армијата на Србија ги исполни и ги исполнува сите свои меѓународни обврски кои произлегуваат од резолуцијата 1244 на Обединетите нации, воено-техничкиот договор и сите времени процедури, за работа и режим на работа по административна линија. Но, денес е јасно дека меѓународната заедница не ја исполнува својата улога. Српските вооружени сили, во согласност со Уставот на Република Србија и Повелбата на Обединетите нации, доколку добијат наредба од Врховниот командант, целосно ќе ги извршуваат сите свои задачи во однос на севкупната безбедносна криза. Да живее Србија – рече тој.
Фото: Принтскрин/Јутуб/Танјуг
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




