09 Мај, 2024
0.0239

Италијанска мода во Градскиот Трговски Центар

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

На големо задоволство на сите обожаватели на италијанската мода и на уникатен, перфектно изработен златен накит од инвентивните италијански дизајнери, а пред се благодарание на поддршката и довербата од потрошувачите од СИГМА за следната недела најавуваат големо отворање на новиот изложбен простор во комплетно ново и автентично руво.

Новиот продажен салон, лоциран на приземјето во Градскиот Трговски Центар ќе биде со помодерен дизајн и покомфорен простор, а ќе го одликуваат стилски финеси од најновите светски дизајнерски трендови кои се чекор пред времето. Новиот продажен салон е комплетно место каде се имплементирани најнови визуелно светлосни ефекти кои се користат и во продажните салони на врвните светски брендови за накит.

Водени од желбата да се одговори на најсуптилните потреби на клиентите, како и од идејата да се создадат катче за врвно аудио и визуелно уживање, тимот на Сигма создаде комплетно ново и единствено место во градов кое ќе биде омилено катче за сите оние што се во потрага по стилизирани, златни парчиња накит со напреден дизајн, широка палета на производи за сечии можности, вкус и засекоја прилика.

За купувачите, новата локација ќе биде место за славење на добриот вкус, убавината, животот и љубовта, затоа што тимот на Сигма секогаш се стреми да понуди врвна услуга, задоволство и насмевки.

Брендот СИГМА е присутен на пазарот скоро 14 години од кои повеќе од 3 во Градскиот Трговски Центар. Благодарноста за успешното работење и посветеноста за врвна услуга на своите клиенти ја насочуваат кон илјадниците досегашни задоволни купувачи и многуте нови кои ќе можат да уживаат во производите и услугата. Од компанијата во иднина најавуваат уште многу нови проекти и амбициозни планови, преточени во уште пософистицирана услуга и производи, работење рамо до рамо со актуелните светски трендови и изненадувања за своите клиенти кои го заслужуваат само најдоброто.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“