27 Април, 2024
0.0261

Компаниите бараат владеење на правото, со Италија има можност за поголема соработка

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Италија и Македонија традиционално имаат успешна соработка која и допрва може да се унапреди, рече денеска Антони Пешев, претседавач со Собранието на Стопанската Комора на Македонија. Продлабочувањето на економската соработка помеѓу двете земји е одлична можност од чија реализација корист би имале двете земји, а притоа, важна поткрепа дава одличната политичка меѓусебна соработка.

Според него, ние сме една од најтешките држави во однос на визниот режим за луѓето што работат тука. Инвеститорите минуваат низ исклучително тешки процедури и тоа е сигинализирано од нивна страна.

-Ние тоа секогаш го покриваме со некакви глупави објаснувања дека не сакаме да ни доаѓаат луѓе од чудни држави, но излегува дека не сакаме да ни доаѓаат луѓе од никакви држави. Всушност, не сакаме да комуницираме. Отворена, мала економија, со многу странски инвестиции како нашата треба да е подготвена за таква работа. Издавањето работни визи е многу проблематично, сите што работат на овој проблем ќе ви потврдат дека е така, потенцира Пешев.

Претставувајќи ги податоците за надворешно-трговската размена со Република Италија, Антони Пешев посочи, дека оваа земја е многу важна за македонскиот извоз и се вбројува во традиционално, најзначајните пазари за Р.С. Македонија. Вкупната трговска размена, во 2019 година, изнесува 645 милиони евра и во однос на 2018 година е зголемена за 5 проценти.

Италија е трета најголема економија во еврозоната, има високо развиен индустриски сектор кој сочинува 24 проценти од БДП на италијанската економија, развиен сектор на услуги кои сочинува 74 отсто од БДП и земјоделски сектор со 2 отсто од БДП на италијанската економија.

- Еден од главните инвеститори во Р.С. Македонија, со 130 активни компании со италијански капитал и инвестиции од 122,7 милиони евра во 2018 година, а за трите квартали од 2019 година, инвестициите изнесуваат 11 милиони евра - истакна Пешев.

Целта на секоја национална економија е да постигне успех на светскиот пазар, да обезбеди извоз на производи со поголема додадена вредност, за поголем девизен ефект во домашната економија, нови инвестиции кои водат кон раст на продуктивноста, повисок доход и одржлив развој. Сето тоа влијае на подигнување на животниот стандард за сите граѓани, кој како успех, е резултат на многу фактори.

- Еден од начините како тоа да го реализира нашата земја, но и регионот во целост, е преку Коморскиот инвестициски форум, основан од „Берлинскиот процес“, и активното вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од процесот,  чие седиштето на Генералниот секретаријат се наоѓа, токму во Трст, Италија. Изборот на локацијата на седиштетот на КИФ не е случајна. Тоа е првиот пробив на отворање на портите кон заедничкиот европски пазар за земјите од Западниот Балкан, што ќе да придонесе за значително зголемување на економскиот раст на државите од регионот. Целта е унапредување на конкурентноста на економиите на земјите од Западен Балкан, во кој припаѓаме и ние како држава, и исполнување на економските критериуми за пристапување кон Европската унија, преку зајакнување на регионалната економска соработка и нивната интеграција во Европската унија и на глобалниот пазар - истакна Антони Пешев.

Осврнувајќи се на честото менување на законите, претседавачот на Собранието на Комората повтори дека државава практично оневозможува предвидливост за бизнисите, а никој од инвеститорите не е дојден тука за кратко време, туку секогаш планира да остане подолго.

-Треба да внимаваме дека луѓето што доаѓаат тука, не носат пари за да си одат за кратко време. Сакаат со среднорочни или долгорочни предвидувања да знаат што ќе им се случува. Тоа ние сите овие години не успеавме да го обезбедиме поради честите промени на владејачките гарнитури, а при промените компаниите доживуваат шокови на прилагодување што дополнително им создава нервоза, но ги чини и финансиски. Исто така, сите овие години имаме деградација на чувството дека во државата постои ефикасен систем за правда, правдина и владеење на правото. Тоа секоја наредна влада ќе мора да го стави на прво место во својата агенда, рече Пешев.


Н.Е Карло Ромео, амбасадор на Република Италија во Република Северна Македонија, потенцираше дека за добрата соработка меѓу двете земји не говорат само бројките, туку и успешните бизнис-приказни реализирани во повеќе индустрии, што е овозможено благодарение на повеќето иницијативи врз основа на билатералните договори меѓу двете земји.  Република Италија е значаен трговски партнер на Република Северна Македонија и перманентно се наоѓа на листата од првите пет земји со кои Македонија има најголем обем на трговска размена и деловна соработка.

Извозот на Северна Македонија кон Италија, во 2019 година, изнесува 173,8 милиони евра и истиот е намален за 5,6% во однос на 2018-тата, додека увозот од Италија во земјава е 471,1милиони евра.

- Италија е една од ЕУ-земјите којашто на Македонија и` дава целосно разбирање и поддршка во начинот на подобрување на економијата и продлабочување на билатерлната соработка во бизнис-секторот, за што говорат и големиот број  странски инвестиции од Италија во Македонија, особено во последните десетина години. Италијанските компании се заинтересирани за вложување во инфраструктурни проекти, во давање на сервисни услуги на компаниите, како и продлабочување на соработката во областите од транспортот, енергетиката и животната средина - истакна амбасадорот Карло Ромео. Исто така, земјоделието и прехрамбената индустрија се од исклучителна важност за двете земји, имајќи во предвид дека се повеќе италијански прехрамбени производи се застапени на домашниот пазар, и за таа цел, оваа година од страна на Италијанската амбасада, се планираат да се организираат неколку настани за промоција на италијанската кујна.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра