09 Мај, 2024
0.0511

ИСТРАЖУВАЊЕ: Бугарите се исклучително позитивно настроени кон Македонците

Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Бугарите се исклучително позитивно настроени кон Македонците и Република Македонија, а Бугарија нејзините граѓани ја сметаат за мост на Република Македонија кон Европската Унија. 

Oва го покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење што го спроведе бугарскиот Институт за политика. 

Испитувањето на јавното мислење е спроведено по потпишувањето на Договорот за добрососедство од страна на премиерите, Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август.

Испитувањето покажало дека една од работите кои треба да бидат завршени меѓу двете соседни држави е организирањето на заеднички чествувања и празници и зајакнување на взаемните инвестиции.

Бугарите, според истражувањето, имаат близок, природен и топол однос кон Македонија и македонските граѓани. Над 50 отсто од анкетираните сметаат дека Македонците се еден и ист или близок народ со Бугарите, пренесува агенцијата БГНЕС.

„Основен двигател на позитивната промена е комуникацијата на високо државно ниво. Јасните сигнали за почитување, поддршка и конкретни чекори за засилување на институционалната соработка гарантираат соодветни промени и во ставовите и во активностите на општеството“- вели Калина Крумова, директорка на Институтот за политика.

Институтот за политика е невладина организација која рабпти во тесна соработка со Бугарската академија на науки и со водечките политички сили во Бугарија, како од власта, така и од опозицијата. Една од основните цели кои си го поставил Институтот за политика е работата во Република Македонија и останатите земји од Западен Балкан. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?