03 Декември, 2024
0.0248

Истрага дали навистина климатизерите го оставија регионот без струја

Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Црногорските и албанските власти тврдат дека причината за регионалниот дефект на електроенергетскиот систем е последица на големото оптоварување и зголемувањето на дневната потрошувачка поради високите температури. Европската асоцијација на оператори покренува меѓународна истрага дали е тоа навистина одговорот за хаваријата поради која цел регион остана без напојување..

Без струја вчера неколку часа останаа Босна и Херцеговина, голем дел од Хрватска и Албанија и Црна Гора. Телекомуникацијата исто така беше лоша, а се влошуваше како што минуваше времето без струја, што предизвика паника кај луѓето.

Црногорските и албанските власти посочуваат дека високите температури доведоа до поголема потрошувачка на електрична енергија, а потоа до преоптоварување на мрежата и дека не се во прашање дефекти.

Хрватска и Босна и Херцеговина соопштија дека не забележале дефекти во нивниот електроенергетски систем. Затоа, телото на Европската комисија, Европската асоцијација на оператори, ќе покрене меѓународна истрага за да се утврди причината за регионалната хаварија.

Хрватските власти, како што пренесуваат локалните медиуми, официјално објавија дека колапсот теоретски можел да ја зафати цела Европа, бидејќи енергетските системи се поврзани и дека е неодговорно да се прават какви било претпоставки пред официјалната истрага на европските тела, која вообичаено трае шест месеци.

Но, со оглед на бројните обвинувања кон Албанија и Црна Гора, нивните функционери ја изнесоа теоријата за прекумерна потрошувачка поради горештините. Исто така, беше истакнато дека пехот секако не е предизвикан од човечки фактор.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда

ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

СРБИЈА ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА? Укинат популарниот мораториум од 1989 година

СРБИЈА ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА? Укинат популарниот мораториум од 1989 година

(ФОТО) СЕ УРНА МОСТ, ИМА И МРТВИ, НАТРУПАНИ КОЛИ ВО ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ - Родос на удар на силна бура

(ФОТО) СЕ УРНА МОСТ, ИМА И МРТВИ, НАТРУПАНИ КОЛИ ВО ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ - Родос на удар на силна бура