26 Април, 2024
0.0508

Историски највисок буџет за историски избори - Како ќе се справи економијата?

Објавено во: Економија, Анализа 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

На помалку од шест месеци политичките партии се длабоко навлезени во предизборната кампања со што уште од сега се создава атмосфера на исчекување и неизвесност. Овој период се поклопува и со носењето на буџетот за 2020 година кој според првичните критики од економистите е посветен само на јавната администрација и социјалните трансфери со помало внимание на реалниот сектор од каде што всушност се црпат средствата за полнење на државната каса.

Историски овој буџет ќе биде највисок со расходи од речиси 4 милијарди евра од кои повеќето или околу 2,5 милијарди се за образование, здравство, поголеми пензии на јавната и државната администрација, како и за повисоки пензии.

За капитални инвестиции се предвидени само 5 милиони евра повеќе од оваа година, па споредено со нивната искористеност од помалку од 40% до септември сосема е разбирливо зошто бизнис заедницата негодува.

Затоа се поставува прашањето дали новиот буџет за 2020 кој е историски највисок досега е во функција на изборите, и дали актуелната власт премногу ветува популистички мерки?

"Просто  е неверојатно, како партиите едно предизборно ветуваат, а во реалноста сосема поинаку функционираат. Три децении слушаме за развоен буџет, а  триесет години се носат популистички буџети со кои се зголемуваат платите за неколку процентни поени на категории административци: во здравство, образование, социјална политика, пензионери, културни работници и генерално во целост кај целата администрација. Некој тоа го нарекува „ поткуп на гласачите“. Точно е дека македонските граѓани, па и административци имаат мизерни и мининални плати во однос на балканските, точно е дека треба да им се зголемат, но не преку надворешно задолжување со милионски кредити, бидејќи така не создаваме дополнителна капитална и економска вредност" смета аналитичарот Благојче Атанасоски..

Бизнис секторот критикува дека прогнозите за раст на БДП од 3,7 за следната година се нереални бидејќи економијата ќе стагнира во првите шест месеци од 2020 година додека не се одржат самите предвремени парламентарни избори во април и додека не се избере новата Влада најрано во мај. Влогот на овие избори ќе биде огромен за најголемите партии, се очекува формирање на техничка Влада, но уште сега "фрчат" огласи за државни вработувања, а се веруваат слатки мерки за пензионери и административци.

"Едноставно е, треба  да се инвестира во капитални инвестиции кои ќе го подигнуваат економскиот развој, а со тоа ќе го зголемуваат и бруто домашниот производ и по глава на жител. Економската и стопанска активност ќе придонесе и реално покачување на животниот стандард на граѓаните, а не само козметички мерки. Пред се изградбата на автопатишта, железнички пруги, гасификација, големи електро и хидроцентрали се капиталните проекти на иднината кои можат да трасираат економски просперите, а вака само го трупаме надворешниот долг, и не се знае до каде ќе тераме, и како ќе завршиме, но е извесно дека во финансиска провалија, како што заврши нашиот јужен сосед Грција, бидејќи ние сме мала, неконкурентна и  неразвиена економија, која не може да ги сервисира сопствените долгови. Ја  тераме класичната македонска  мизерна „ купи ден помини“, без да ги согледаме последиците од таквата  „ политика“, бидејќи живееме од  ден за ден, без никаков осмислен државен концепт, без никаква национална стратегија, што правиме, како правиме, каде се гледаме за  триесет години, и какви се гледаме.

Зошто партиите уште сега водат партиски кампањи кога изборите се за шест месеци, а уште повеќе што за предизборни активности на социјални мрежи нема ограничувања.

Бидејќи им се може тоа да го прават. Тие се тие „ што палат, и тие се тие што гасат“ во државава. Си носат какви ним им одговараат закони, се адаптираат на нив и нивните лукративни потреби и материјалистички бенефиции, и за нив ограничувања нема, а и да ги има, доколку  ги прекршат нема кој да ги санкционира, бидејќи во ова скапано и урушено општество и држава се е подредено под нив: и  судии и обвинители, и медиуми, и невладин сектор, и администрација, и бизнис сектор, и се. Партиите всушност, и во изминативе триесет години водат перманентна  предизборна кампања, само со разлика во интензитетот, некогаш таа е позасилена и сите партиски капацитети се впрегнати во нејзина реализација, некогаш таа е дел од т.н „ карактеристичен и партиски ПР“. Како и да е, партиите кај нас се познати по  политичката  некултура, со многу навреди на лична основа,  махинации, омаловажувања и дискредитации, не внимавајќи воопшто дека тие се и креатори на јавното мнение. За жал, тој партиско-политички дискурс на раководството на една партија,  потоа по вертикала се пренесува и надолу до партиските симпатизери и членови кои се  бројат во стотици илјади , и затоа последица на сето тоа е  примитивизација на  медиумската-политичката сфера па и целото општество. Последните претседателски избори, и покрај тоа што „ традиционалниот македонски  дискурс“ си беше на сцена, сепак кандидатите  Силјановска, Пендаровски и Река,  го подигнаа нивото на реториката и политичката дебата , и сметам дека во иднина треба да го фатиме тој правец, но сепак влоговите за  парламентарните избори  се многу, многу поголеми од тие на претседателските" смета аналитичарот Атанасоски.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката