ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи
Објавено во: Балкан 23 Април, 2025 20:56
Драма се случи во источно Сараево кога СИПА се обиде да го приведе лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, но полицијата на Република Српска(РС) ги спречи.
Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска пристигнаа во Административниот центар на Владата на Република Српска во источно Сараево, каде во тоа време беше претседателот на РС Милорад Додик. Како што дознава Klix.ba, членовите на СИПА се обиделе да го приведат Додик, но припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска се спротивставиле на таа акција.
Познато е дека Судот на Босна и Херцеговина претходно распиша централна потерница за Додик, како и за премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.
Додик претходно во текот на денот пристигна во Административниот центар на Владата на Република Српска во Источно Сараево, каде што вечерва ќе одржи средба со градоначалникот и раководителите на општините кои го сочинуваат градот Источно Сараево.
Додик претходно кажа дека „тројца претседатели на европски држави и еден премиер му кажале дека во Босна и Херцеговина била префрлена британска единица со единствена цел да го ликвидира“.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




