26 Април, 2024
0.0274

„Истискување“ на доминантен акционер и дефинирање услови за холдинг компании – Ќе се менува Законот за трговски друштва

Објавено во: Економија 12 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на ликвидноста на акциите на одредени акционерски друштва, но и подобрување на деловните резултати со создавање регулатива за функционирање на холдинг компании.  

На ЕНЕР е поставен предлог за измени на Законот за трговски друштва и е посочено дека се планира доуредување на две области, принудно купување и продавање акции, или т.н. „истискување“ и холдингот, односно концернот како форма на поврзување на друштвата.

-  Во процесот на принудното купување и продавање акции или т.н „истискување“ јасно да се пропишат и дефинираат правата и обврските на доминантниот акционер, кои што вклучуваат задолжително купување на акциите од малцинските акционери, односно соодветно да се пропишат и правата на малцинските акционери да бараат принудна продажба на нивните акции на доминантниот акционер во законска процедура која обезбедува фер, транспарентен и коректен третман – пишува на ЕНЕР во рамки на објаснувањето за потребите од измени на законот.

Како што објаснуваат од Министерството за економија за „Фактор“ значајна област која досега не е регулирана со Законот за трговските друштвва е принудното купување и продавање акции или т.н. „истискување“ кај акционерските друштва со доминантна и концентрирана сопственичка структура каде еден мнозински акционер поседува над 95 проценти од акциите со право на глас.

-  Регулирањето на „истискувањето“ со Законот за трговските друштва е неопходно да се направи, поради тоа што, како резултат на концентрираната сопственичка структура кај одредени акционерски друштва постои ниска ликвидност на нивните акции на берзата, како и мало учество на акциите во посед на јавноста. При тоа, потребно е да се разграничи дека регулирањето на оваа материја во Законот за трговските друштва, не се поистоветува со Законот за преземање на акционерските друштва, кој се однесува само на одредена категорија акционерски друштва и каде што ова „истискување“ се случува само по успешно спроведена постапка за прземање (само во одреден временски период) согласно овој закон, во која преземачот се стекнал со над 95 отсто од акциите со право на глас – објаснуваат од МЕ.

Од Министерството потенцираат дека целта на измените на Законот за трговските друштва е во процесот на принудното купување и продавање акции или т.н „истискувањето“ јасно да се пропишат и дефинираат правата и  обврските на доминантниот акционер, кои што вклучуваат можност за задолжително купување на акциите од малцинските акционери, односно соодветно да се пропишат и правата на малцинските акционери да бараат принудна продажба на нивните акции на доминантниот акционер во законска процедура која обезбедува фер, транспарентен и коректен третман. 

Со измените кои се планираат најпосле ќе се предвидат и услови за регулирање на холдинг компаниите, овој сегмент на неколку наврати беше предлага и баран од коморите во земајва.

 - Во однос на прашањето за холдингот, концернот, во постојната законска регулатива, холдингот, како посебна форма на органзирање и работење на трговските друштва не е експлицитно дефиниран. Одредби кои упатуваат на оваа форма на поврзување на трговските друштва се содржани во Законот за трговските друштва, а тоа се одредбите кои се однесуваат на формите на поврзување на трговските друштва. Меѓутоа, во текот на нивната примена воочена е потребата да се уредат поединости за функционирањето на холдинг компаниите, односно концерните, пред се од аспект на нивно управување, преку склучување соодветни договори помеѓу друштвата. Со измените на Законот поврзани со функционирањето на холдингот, односно на концернот, се очекува постигнување подобри деловни резултати, кои ќе придонесат во унапредувањето на работењето на деловните субјекти во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски раст во наредниот период – објаснуват од МЕ.

За подготвување на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, формирана е Работна група координирана од Министерство за економија, со претставници од Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Централниот регистар и Стопанската комора на Северна Македонија.

Уредувањето на холдингот како форма на поврзување на компаниите и на прашањата кои се однесуваат на неговото функционирање, и даночниот третман на овие субјекти беше меѓу прашања кои во изминатите години ги покрена како тема за регулирање Стопанската комора на Македонија.

Нивните предлози беа функционирањето на холдинг-компаниите терминолошки да се усогласи со законската регулатива, а тие имаа и свои предлози до Владата како да се уреди оданочувањето на холдинг дурштвата.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката