05 Мај, 2024
0.0249

Истекува рокот за поднесување барање во катастар за трансформација на корисничко право

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Истекува рокот за поднесување барање до Агенцијата за катастар на недвижности за трансформација на корисничкото право на градежното неизградено земјиште во право на сопственост по сила на закон.

Со измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост од септември 2015 година, се воведе посебна постапка со која се овозможи на поранешните сопственици на градежно неизградено земјиште кои не поднеле барање за приватизација до 15 декември 2014 година, да можат да поднесат до Агенцијата за катастар на недвижности пријава за промена на правото на користење.

„Започнувајќи од септември 2015 година до денес, 1447 граѓани ја искористија оваа можност и корисничкото право го трансформираа во право на сопственост во брза и ефикасна постапка. Ги повикуваме сите граѓани кои се корисници на градежно неизградено земјиште кои не поднеле барање за приватизација до Управата за имотно-правни работи заклучно до 15 декември 2014 година, да ја искористат оваа можност и да поднесат барање до Агенцијата за катастар на недвижности заклучно до 15 јуни 2016 година. Со оглед дека се зголеми бројот на барањата за трансформација на корисничкото право во право на сопственост, шалтерите во Центарот на катастар на недвижности - Скопје ќе работат со продолжено работно време до 19 часот, од денеска па до среда“ - информираат од Агенцијата за катастар на недвижности.

Постапката за поднесување барања е многу едноставна, па така покрај Пријавата која ја има на самите шалтери, граѓаните ќе треба да приложат и доказ за идентификација за подносителот на пријавата (фотокопија од лична карта или патна исправа, правната основа, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на катастарската парцела (закон, пресуда, договор, решение, одлука од надлежен државен орган, поседовен лист и др,  доказ од органот надлежен за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти дека не е поднесено барање за утврдување правен статус на објектот на катастарската парцела која е градежно неизградено земјиште, а за кое се однесува пријавата. Потребен е доказ за платен надоместок за имотниот лист од катастарската парцела, за уверението за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижности и за запишувањето во катастарот на недвижностите и Агенцијата за катастар на недвижности по службена должност ќе обезбеди доказ од Управата за имотно-правни работи дали за градежното неизградено земјиште за кое е поднесена пријавата во Kатастарот веќе е поднесено барање за приватизација на градежно земјиште до Управата за имотно-правни работи.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години