10 Јуни, 2023
0.0237

Испораките на нафта од Русија во Индија се зголемени за 22 пати

Објавено во: Економија 28 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Испораките на нафта од Русија за Индија се зголемени за 22 пати минатата година, изјави рускиот вицепремиер  задолжен за енергетика Александар Новак.

„Поголемиот дел од нашите енергетски ресурси се пренасочени на други пазари, пазари на пријателски земји“, кажа Новак.

Тој на состанокот на колегиумот на Министерството за енергетика на Русија рече дека испораките за Кина и другите пазари се зголемени, пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува дека Новак претходно во март објавил дека Русија минатата година и испорачала на Кина околу 67 милиони тони нафта, што претставува речиси една третина од нејзиниот вкупен извоз.

Зголемувањето на извозот е знак за преориентација на руската економија кон гигантите на азискиот континент во услови на конфликт во Украина.

Новак посочи дека преориентацијата на енергетските текови бара продолжување на работата на формирањето на флотата на танкери, подобрување на плаќањата и создавање нови системи за осигурување.

„Нашите пријателски земји се нови пазари лоцирани во азиско-пацифичкиот регион, Латинска Америка, Арктикот, Централна и Централна Азија“, рече Новак, пренесе Интерфакс, а пренесува Танјуг.

Според него, затоа е важно Русија да го задржи темпото поврзано со создавање механизми и инструменти кои ќе и овозможат сигурно снабдување на нови пазари оваа година.

„Станува збор за логистички синџири и продолжување на формирањето на флотата на танкери, создавање инструменти за плаќање, транзиција кон националните валути“, додаде Новак.

Можеби ќе ве интересира

По три години чекање, 13 плажи во Охрид добија концесија

По три години чекање, 13 плажи во Охрид добија концесија

Русија стана втор најголем извозник во Индија

Русија стана втор најголем извозник во Индија

Градоначалникот на Липково бара простување на долгот од сметките за струја стари 15 години за жителите на Слупчане

Градоначалникот на Липково бара простување на долгот од сметките за струја стари 15 години за жителите на Слупчане

Русија се врати во најголемите десет светски економии

Русија се врати во најголемите десет светски економии

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?