03 Мај, 2024
0.0262

Исплатени 144,4 милиони денари субвенции

Објавено во: Агробизнис 22 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии денеска исплати вкупно 144,4 милиони денари субвенции на 10.681 земјоделец за поддршка на сточарството, лозарството, производство на градинарски култури, на житни култури и производство на тутун и премии за помош за осигурување.

Од овие средства 54,9 милиони денари се исплатени на 331 сточар за одгледување овци и 24,9 милиони денари на 1.119 сточари за одгледување кози.

Исплатени се и 28,6 милиони денари на 1.998 земјоделци за производство на градинарски култури.

На 6.577 лица исплатени им се 12,5 милиони денари за одгледување ориз, сончоглед и фуражни култури.

Исто така, на 242 кооперанти на комбинатот „Далија табак“ денеска им се исплатени 10,5 милиони денари за производство и продажба на тутун, со што е извршена исплатата на реколтата 2012.

За финансиска поддршка за одржување лозови насади денеска се исплатени 7,3 милиони денари на 83 лозари.

Исплатени се и 5,5 милиони денари за премии за помош за осигурување.

- Преку редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделството Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат доследни на поддршката за една од носечките гранки во македонската економија, соопшти Министерството за финансии.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?