Исмајлоска Старова: Не сметам дека сум предавник
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018
Пратеничката Нола Исмајлоска Старова, која е исклучена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Анализа на 24 ТВ кажа дека гласала „За“ уставни измени за да се даде шанса на процесот.
Вели дека немала притисоци и не смета дека е предавник. Таа не сакаше да одговори дали интимно е погодена од тоа што партијата ја исклучи од своите редови.
„Не би сакала да коментирам туѓи одлуки, јас сум пораснала верувајќи во идеологијата на партијата, евроатлантска. Сметам дека многу набрзо самиот развој на настаните ќе покаже дека нашата одлука била правилна“, вели пратеничката.
Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ изјави дека гласаше „против“ затоа што референдумот е неуспешен, дека не можел да ги изневери очекувањата на граѓаните и дека сака да се гарантира македонскиот идентитетот. Рече дека по овие критериуми одлучил како ќе гласа.