Ислам и Ватикан: Муслиманите сакаат џамии во Рим
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2016
Властите во Рим почнаа да ги покриваат „гаражните џамии".
По протестите на локалната муслиманска заедница, полицијата во Рим продолжува да ги затвора така наречените „гаражни џамии" во градот и сега муслиманите се закануваат дека ќе се молат на Алах пред катедралата „Св. Петар".
Минатата недела властите затворија уште една импровизирана џамија во Рим, поради тоа што не е согласно градежните стандарди.
Во одговор муслиманите во градот се закануваат дека ќе се молат во Ватикан - нешто што италијанските медиуми го дефинираат како „уцена".
„Тука се молат 300 лица. Каде ќе одиме, ако ни затворат?"-изјави локален муслиман.
Проблемот треба да се реши на социјално и политичко ниво, сметаат тие.