26 Април, 2024
0.0143

Искуството носи придобивки и силен раст: Како „Горење“ опстана на врвот и по 70 години

Објавено во: VIP успешни приказни 28 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber


Името на таа компанија несомнено го знае секој од нас. Повеќето дома имаме по еден или по неколку производи кои се брендирани токму со тоа име. А приказната на Горење започнала уште во далечната 1950 година и тоа во малото истоимено село во Словенија. Во почетокот, компанијата се занимавала со производство на земјоделски машини и со набавка на градежни материјали. Со ширење на асортиманот, фирмата се преселила во соседниот град Велење, а денеска Горење Групацијата е водечки европски производител на апарати за домаќинство. На патот до нивниот врв секако имало и доста предизвици – да се одговори на барањата на купувачите,  да им се излезе во пресрет секогаш. Директорката на компанијата Мирјана Мајнова за Фактор вели дека сега, нивните производи за домаќинство се технички усовршени, супериорно дизајнирани, енергетско-ефикасни апарати. Исто така развиен е концепт и за заштита на животната средина и управување со енергијата. Минатата година Групацијата Горење стана дел од кинеската корпорација Хајсенс (Hisense), глобален технолошки лидер. Мајнова е категорична оти оваа операција е важна затоа што Хајсенс е финансиски стабилна корпорација која постои веќе 50 години и која дава значаен потенцијал за иден раст и развој на Горење, пристап до нови пазари, нови технологии и извори на набавки и многу други синергии.  

Горење како бренд е присутен кај нас уште од почетокот на неговото постоење. Формата е  формирана во 1991 година. Низ годините се соочувавме со голем број предизвици. Успеавме да одговориме на очекувањата, барањата и современите потреби на нашите купувачи и да останеме бренд кој често е прв избор на купувачите бидејќи има квалитетни апарати за домаќинство, добар однос меѓу квалитетот и цената, и што е најважно, добра пост-продажна услуга. 


Одржувањето на апаратите преку брза и професионална поправка и замена со сигурни и оригинални делови се основа на квалитетното работење на компанија како што е Горење. Довербата во сопствениот квалитет ја докажуваме со 5 годишна целосна и бесплатна гаранција, вели Мајнова.

Апарати креирани од познати дизајнерски имиња

И низ годините, ама и сега, вели квалитетот на производите бил на прво место. Сакале да создаваат производи кои ќе траат, ама фокусот е и кон дизјанот на апаратите.

„Соработката со врвни дизајнери е од особено значење за Горење. Извонредните Philippe Starck, Karim Rashid и Ora ito се дел од нашата успешна приказна. Горење дизајнира и сопствени линии како што се Симплисити, Класико и Ретро колекцијата на фрижидери. Класико линијата на апарати за домаќинство има прекрасен и динамичен дизајн во класичен стил, а ја очекуваме и новата Симплисити линија 2.0. која опфаќа апарати кои не само што се дизајнерски совршени, туку и тие се мошне едноставни за употреба со што им овозможуваат на нашите потрошувачи повеќе време за блиските во домот. Поради тоа, можеме да кажеме дека Горење е извор на безброј идеи кои го поедноставуваат животот и му даваат повеќе слободно време на корисникот за работите кои се навистина важни, вели Мајнова.

Таа има силни очекувања за иднината.

Електрични уреди со брендот Хајсенс

Верува оти консолидацијата на Горење во Хајсенс ќе носи многу придобивки. Така увезле и знаење, но и поголема интергација на повеќе пазари.  


„Со интегрирањето станавме компанија со огромно портфолио на производи од различни пазарни сегменти, современ развоен центар, Ноу хау и голема продажна мрежа со добро обучен кадар. Во идниот период планираме да го прошириме асортиманот на Горење на нашиот пазар и да понудиме целокупно решение за домот. Асортиманот ќе го надополниме со електрични уреди од брендот Хајсенс (Hisense), вели Мајнова.

Инаку Горење е  регионален премиум-спонзор на VELUX EHF Лигата на шампиони во ракомет за мажи, како и на EHF Европските ракометни првенства за мажи. Хајсенс (Hisense) пак, е официјален партнер на UEFA EURO 2020 и FIFA World Cup 2018. Компанијата локално и регионално го поддржува движењето #simplyfans на Горење. Ова движење е базирано на мотото на брендот Горење „Life Simplified“ и со него фирмата сака да го поддржи спортскиот дух и да ги обедини спортските навивачи од сите националности да навиваат заедно, да навиваат за спорт.

Во Македонија тимот го сочинуваат 22 вработени. Конкуренцијата на пазарот е голема, но Мајнова вели поради тоа се посветени да понудат и дополнителни услуги за граѓаните.

„Со оглед на нискиот животен стандард купувачите често се одлучуваат за апарати од најниските ценовни категории. Во моментот на купување ретко кој размислува за пост-продажната услуга, сервисирањето и гаранцијата што реално е многу важен фактор и треба да се земе во предвид при изборот на апарат за домаќинство, вели таа.

Он лајн продавница наскоро, ништо без Вип

Во моментов компанијата работи на отворање на Горење онлајн продавница која, според очекувањата, треба да профункционира во последниот квартал оваа година. Мајнови тврди дека онлајн продавницата ќе ги задоволува и најстрогите стандарди на безбедност за електронската трговија во Македонија и ќе опфаќа бесплатна достава на сите производи од асортиманот на Горење. Но ништо од тоа нема да успее ако немаат поддршка од силен телеком оператор. Горење ги користи услугите на Вип, во многу сегменти од работењето.

„Целокупното работење на Горење е на сервери во Словенија. Затоа, за нас, стабилната интернет врска е основен предуслов за работа. За непречена комуникација, размена на податоци, слики и видеа со клиентите и меѓу вработените во компанијата, неопходни ни се паметни телефони, добра мобилна мрежа и стабилен мобилен интернет, вели Мајнова.

А.Т.