15 Декември, 2025
0.1088

ИСКУСТВА ОД БЕБИСИТЕРКИ: Како изгледа да се чуваат деца во странство?

Објавено во: Економија 03 Мај, 2018 18:25

Добивај вести на Viber

Од земја до земја приходите на бебиситерките се разликуваат, а Македонките поради неможност овде да најдат работа ја бираат и оваа опција за да заработат.

Оние кои ќе отидат во странство за да чуваат дете, имаат и домашни обврски кои мора да ги завршат.

Двете жени кои за Фактор ги споделуваат своите искуства живееле и работеле во семејства со по три деца, но во различни држави. 

Слаѓана Младеновска од Куманово во текот на 2014 година била ангажирана како бебиситерка во германскиот град Дизелорф, кај Холанѓани  кои долго време живеат и работат во Америка во Ериксон.

„Во Дизелдорф беа дојдени заради работа, После 9 години жената се враќа на работа и им требаше помош околу децата. Јас им бев прва негувателка,три дечиња имаа, девојче 9 години  и две машки едно од 6 и едно од 1 година. Во тие  3 месеци имав преубаво искуство, бев прифатена од семејството како нивно четврто дете. Заработката не беше многу голема,250 евра месечно плус платено вечерно чување на деца и викенди кога имаа потреба. Од страна на семејството ми беше обезбедено сè,кај нив, бев сместена,  имав своја соба,бања,  месечен билет и во школоодев на курспо германски јазик“ – вели Младеновска.

Нејзината сограѓанка Маја Јовановска три месеци била бебиситерка во Рим, Италија. Објаснува дека за да работи со италијанско семејство услов  било познавање на англискиот јазик.

„Пријателка која беше таму ме предложи, јас контактирав со Италијанците на скајп  и отидов таму. Чував дете од 1 година, а работното време ми беше од 7 до 23 часот. Знам дека е многу, ама исто е како дома. Додека го гледаш детето, ги вршиш и сите останати домашни  обврски,  чистење, перење, пеглање и слично. Имав обврски и кон другите две поголеми деца, водење до школо, чекање од школо, навечер водење и чекање кога се враќаат од музичко училиште. Со оглед на тоа дека училиштата им беа далеку по 7-8 км, секоја вечер се враќав мртва уморна, паѓав во кревет. Значи прва станувам и легнувам после вечерата која беше некаде околу 21 часот, а после вечерата морав да раскренам и исчистам сè. Платата ми беше 600 евра“- раскажува Јовановска.

Додава дека немала можност да прошета и да ја запознае земјата, затоа што имала многу обврски, а нејзиното движење било ограничено на неколку улици во градот.

Таа вели дека не планира веќе да работи како бебиситерка во странство затоа што е напорно,  и не е многу платено. Би избрала работа во странство, но во друг сектор.

Многу девојки од Македонија преку посредници, пријатели или по пат на интернет наоѓаат работа поврзана со чување на деца.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година