14 Декември, 2025
0.0375

ИСЧЕЗНАА ТИНЕЈЏЕРКИ: Во Грција има потрага по две девојчиња

Објавено во: Балкан 01 Декември, 2023 15:03

Добивај вести на Viber

Две тинејџерки од Грција влегле во такси и оттогаш им се губи секоја трага. Потрагата по нив трае веќе два дена.

Елефтерија С. (13) и Екатерини П. (14) од Калитеа, Грција, исчезнале вчера попладне откако наводно влегле во такси и се упатиле кон непозната дестинација.

Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ веднаш по налог на Обвинителството објави детали за нив бидејќи постојат причини поради кои се смета дека нивните животи се во опасност, јавуваат регионалните медиуми.

Екатерини П. има кафеава коса, кафеави очи, висока е 1,65 метар и тежи 80 килограми. На денот кога исчезнала таа носела бела блуза, црн кардиган, црни панталони и бели патики.

Елефтерија С. има црна коса, кафеави очи, висока е 1,70 метар и тежи 85 килограми. На денот кога исчезнала носела црна тренирка со бела лента, црна јакна и бели патики.

Од полицијата апелираат доколку некој има информации, да се обрати до полициските станици во Грција или на европската телефонска линија за исчезнати деца – 116000.

Веќе неколку дена има потрага по исчезнато девојче од Скопје. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со исчезнатата Вања Ѓорчевска рече дека секојдневно се преземаат низа активности и дека во потрагата се вклучени неколку стотини полициски службеници.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството