30 Април, 2024
0.0456

Ирачката војска и ги брои деновите на ИСИС во Мосул

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Ирачката војска составена од специјални единици обучени од САД и западните сојузници стануваат се поуспешни во акциите против џихадистичката организација ИСИС која се уште е добро утврдена во градот Мосул, но тамошното владеење им е избројано со оглед на се посилните напади со помош на воени авиони од меѓународната коалиција.

Генералот на специјалните ирачки сили Сами ал-Ариди денеска рече дека милитантите на ИД во источен Мосул се борат со снајпери и ракетни гранати. Западно од Мосул шиитските милитанти вчера ја преземаа целосната контрола врз воениот аеродром Тал Афар. Џаафар ал-Хусеини, портпарол на една од милитантните групи- Бригадите на Хезболах, рече дека во судирите речиси целосно е уништен аеродромот.

Милитантите од Исламска држава го заземаа Мосул, вториот по големина град во Ирак, летото во 2014 година. Офанзивата за преземање на градот која почна на 17 октомври е најголема воена операција во Ирак по повлекувањето на американските војници во 2011 година. Според Обединетите нации повеќе од 56 000 цивили се принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на операцијата.


Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург