24 Октомври, 2024
0.0247

Пронајдени 20 изгорени тела во фабрика за литиумски батерии во Јужна Кореја

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Околу 20 тела се пронајдени по пожарот што утринава избувна во јужнокорејска фабрика за батерии јужно од Сеул, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на противпожарни служби.

Во фабриката имало 67 луѓе.Телевизиските снимки покажуваат мали експлозии и искри во запалената фабрика. Причината за пожарот засега не е позната.

Фабриката е трикатна зграда од армиран бетон со вкупна површина од околу 2.300 метри квадратни. Пожарникарите тешко го гаснат пожарот бидејќи запалените литиумски батерии тешко се гаснат со конвенционални методи.

Се верува дека во фабриката имало најмалку 35.000 батерии. Јужнокорејската влада свика итен состанок на штабот за вонредни состојби поради пожарот во фабриката.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол и нареди на полицијата да вложи максимални напори во операциите за пребарување и спасување по пожарот во фабриката.


Можеби ќе ве интересира

Хезболах во напад ја погоди куќата на Нетенјаху

Хезболах во напад ја погоди куќата на Нетенјаху

Лажен брачен пар се селел низ Украина и наведувал руски ракети

Лажен брачен пар се селел низ Украина и наведувал руски ракети

ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ЗАКАНИ: Ќе прати оружје во Украина, но и персонал

ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ЗАКАНИ: Ќе прати оружје во Украина, но и персонал

ГО БАРАЛЕ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА: Украинец се самоуби во регрутен центар

ГО БАРАЛЕ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА: Украинец се самоуби во регрутен центар

НОВ СЛУЧАЈ СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО ЕВРОПА - по Германија, вирусот е откриен и во Норвешка

НОВ СЛУЧАЈ СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО ЕВРОПА - по Германија, вирусот е откриен и во Норвешка

(ВИДЕО) ЈА ПОГОДИ ДРОН: Се појави снимка од резиденцијата на Нетанјаху

(ВИДЕО) ЈА ПОГОДИ ДРОН: Се појави снимка од резиденцијата на Нетанјаху

МАСАКР ВО САД: Пет лица загинаа, меѓу кои три деца, еве како изгледа местото на злосторството

МАСАКР ВО САД: Пет лица загинаа, меѓу кои три деца, еве како изгледа местото на злосторството

Од трибина до политика - Омилените регрути за партиски војници

Од трибина до политика - Омилените регрути за партиски војници

ИЗРАЕЛКА ГО ПРЕЖИВЕА МАСАКРОТ НА ХАМАС: Потоа се самоуби поради траума

ИЗРАЕЛКА ГО ПРЕЖИВЕА МАСАКРОТ НА ХАМАС: Потоа се самоуби поради траума