13 Декември, 2025
0.0291

Инженери сакаат да знаат дали се проверува колку се точни струјомерите

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2025 12:12

Добивај вести на Viber

Здружението Инженери на Република Македонија поднесоа барање за пристап до информации од јавен карактер до Бирото за метрологија за тоа дали ветениот државен еталон за проверка на електрични броила сè уште не е ставен во функција.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини пред четири месеци најави зголемување на заштитата на граѓаните и обезбедување поголема транспарентност при мерењето на потрошената електрична енергија. Од Бирото за метрологија во најкраток можен рок бепе побарано да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која повеќе од седум години останала неискористена. Станува збор за трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, кој со години бил складиран во подрумските простории на Бирото. Со активирањето на оваа опрема требаше да се овозможи не само редовна верификација на мерилата, туку и проверка на нивната исправност по жалби од потрошувачи. Ова следуваше поради честите поплаки на граѓаните за сомнително фактурирање на електричната енергија. 

- Иако министерката за енергетика пред три месеци јавно изјави дека опремата ќе биде активирана „во најкус можен рок“, јавноста сеуште е без никаква информација дали тоа е навистина реализирано, реагираат од здружението.

До барањето за информации од Бирото за метрологија испратени се прашања дали граѓаните можат да побараат проверка на своето броило? Колку поплаки за неточност се примени досега и со какви резултати? Кога последен пат е извршен надзор над работата на лабораторијата на ЕВН?

- Дополнително, побаравме и можност за посета на лабораторијата на Бирото, со цел директен увид во опремата, стандардите и методологиите што се применуваат, додаваат од Инженери на Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот