26 Април, 2024
0.4272

ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ: Законски измени за полесно формирање и вложување

Објавено во: Финансии 10 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувaње на пазарот на капитал. Преку можноста за формирање нови видови инвестициски фондови се поддржува поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Со законот се поддржува и поголема транспарентност, преку информирање на потенцијалните инвеститори на јасен, недвосмислен и разбирлив начин со цел навремено да ги проценат ризиците и потенцијалните трошоци поврзани со инвестициите.

Измените на законот се составен на дел на пошироката реформа на пазарот на капитал, која е насочена кон натамошна хармонизација со европските директиви. 

Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи, a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на отворените фондови во земјава, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. 

Ова практично ќе значи дека ќе може да се отвораат т.н. фондови напојувачи. Под фонд напојувач се подразбира отворен инвестициски фонд кој најмалку 85 отсто од своите средства ги има вложено во удели на друг инвестициски фонд, таканаречен главен инвестициски фонд, кој ќе управува со доверените средства. Во постојниот закон, фондовите можат да доверат најмногу до 10 отсто од своите средства да ги управува друг фонд. На овој начин ќе се овозможи поголема либерализација на пазарот на капитал и можност за окрупнување на средствата од повеќе инвестициски фондови во еден фонд, што за инвеститорите ќе значи помали трошоци за управување и користење на експертизата на професионалните менаџери во главните фондови, а со крајна цел подобро управување со средствата.

Со предлог-измените во Законот се уредува и постапката за отворање филијала на странско друштво за управување на територијата на државата, како и можност друштвото за управување од нашата држава да може да врши работи на управување со инвестициски фондови преку стекнување на квалификувано учество во странско друштво или преку отворање подружница односно филијала во странство.  

Со предложените измени, воедно, се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра во денарска противвредност за да може да се основа, обврската да ја одржува нивната висина, како и обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата за хартии од вредност, ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со коишто тоа управува. Предложените измени се во насока на олеснување на работењето на друштвата за управување со инвестициски фондови и во насока на усогласување со европските регулативи. 

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат