Добивај вести на Viber
Роеви бубамари во дворовите, на прозорците и во домовите во Белграс. Експертите велат дека станува збор за азиски бубамари, кои се погубни само за нивните домашни истоимени инсекти.
Азиските бубамари во Србија за првпат биле забележани на Фрушка Гора во 2008 година, иако во Европа се увезени доста порано, како дел од борбата против растителните вошки.
„Од тогаш се одомаќиниле, се прилагодиле и речиси ги потиснаа домашните бубамари“, вели Миленка Периќ од Заводот за биоциди и медицинска екологија.
“Тие не се штетни ниту за луѓето, ниту за растенијата, но се намножија во огромен број. Имаме помалку растителни вошки, но и помалчку домашни бубамари“, додава таа.
Од локалните бубамари, азиските се разликуваат затоа што имаат повеќе точки, а крилјата можат да им бидат во повеќе бои, не само во црвена. Експертите се обидуваат да им најдат природен непријател, за по природен пат да го намалат нивниот број. Граѓаните се предупредуваат да не ги убиваат, затоа што притоа испуштаат жолт сок со непријатен мирис.
Инаку, во Србија постои правилник според кој строго е забрането убивање на азиски бубамари, а глобата за нивно уништување изнесува околу 15.000 динари. Но не е познато дали некој некогаш ја платил оваа казна.