20 Април, 2024
0.0303

ИНТРВЈУ СО ЈОЗЕФ ВАРАДИ, ЦЕО И КО-ФАУНДЕР НА ВИЗЕР: „Новите рути ќе ги објавиме кога ќе заврши процесот со субвенциите“

Објавено во: Интервјуа 08 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Вистинската конкуренција е добра и за компаниите и за потрошувачите, вели во денешното интервју за Фактор, извршниот директор на авиокомпанијата ВизЕр која со години е присутна на македонското небо. Цени дека доаѓањето на Луфтханза е позитивно во насока на конкурентноста која придонесува авиокомпаниите да стануваат подобри во својот бизнис. Според него, финасиската поддршка од 7 евра по патник ќе обезбеди и понатаму достапни авиобилети за сите коишто сакаат да патуваат. Сепак, Варади не ги открива новите рути кои до крајот на годинава ВизЕр треба да ги отвори што всушност се и услов за добивањето субвенции од македонската Влада.

Визер долги години е присутен во Македонија, но овој пат не е единствената компанија која добива субвенции од македонската влада, во македонскиот воздушен простор присутна е и компанијата Луфтханза, чувствувате ли конкуретност?

Јозеф Варади: Ние сакаме натпревар, конкуренцијата е добра за клиентите бидејќи создава, избор, создава алтернативи, а истовремено сметам дека конкуренцијата е исто така добра за авиокомпаниите бидејќи нè тера да бидеме подобри во бизнисот, да бидеме подобра компанија што би било  резултат од конкурентноста. Ние го сакаме натпреварот, но не сакаме кога е нарушен балансот, односно кога едната страна е привелигирана. Инаку, вистинска конкуренција е добра, добра и за потрошувачоте, добра и за компаниите. И ние ова го поддржуваме

Сумата која може да се добие е 1,1 милион евра, дали оваа сума ја добиваат двете компании или секоја посебно?

Јозеф Варади: Ние како авиокомпании аплицираме на програми од страна на Владата. Значи само аплицираме и очекуваме Владата и оној што е задолжен за процесот да направи фер одлука, и ние би постапиле според таквата одлука. Не мислам дека ова е проблем за нас, ова е проблем за Владата и на оноие кои ги носат одлуките како да се дитрибутираат субвенциите или инвестициите. Нашиот став е што и да се случи треба да е фер и раномерно, се додека тоа е така ние сме задоволни.

Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра по патник, дали патниците тоа ќе го осетат ова, односно дали цените на авиобилетите ќе останат и понатаму достапни за оние кои сакаат да патуваат?

Јозеф Варади: Секако, да. Ова е патот кој сакаме да го одиме, тоа е идејата. Ние сме целосно мотивирани како авиокомпанија да носиме ниски цени на пазарот, со цел патниците да имаат бенефит. Индустријата да не ги става тие пари во џебот туку да се инвестираат во интер-маркетот ако е возможно. Добро е кога ниските цени се присутни на пазарот и тоа секако помага да ги мотивира клиентите и да го стимулира маркетот во исто време.

Кои се новите линии кои треба да ги отворите, што всушност се услов за добивањето субвенции?

Јозеф Варади: Ќе објавиме кога ова ќе се случи. Можам да ви го кажам нашето гледиште околу отворањето нови линии. Има преференции од Владата во однос на рути (летови) кои сакаат аерокомпанијата да отвори. Ние ќе ги одобриме тие преференции со финансиско моделирање ако тие се совпаѓаат. Да, од една страна ние ја слушаме Владата, но што и да би направиле треба да има финансиско оправдување за авикомпанијата. Но, ова не склучен процес затоа не можам многу да коментирам околу тоа, сепак, ова се принципите кон кои ние би се придржувале.

Сепак, она што паѓа во очи е укинувањето на одредени авио линии. Визер повеќе не лета до Барселона Шпанија на пример, или пак до Финска, а познато е дека Турку е воведена во 2019 кога Визер доби финасиска поддршка од македонската влада во износ од 5 милиони евра. Зошто укинувате линии, Барселона беше посебно популарна?

Јозеф Варади: Едноставно не се покажа финансиски добро. Ова е ризикот на летовите, некои остануваат, но некои не. За жал Барселона е една од нив што ја укинавме, таа не се покажа финансиско добра. Оваа не е некој специфичен проблем, едноставно вака функционира бизнисот. Некогаш летовите ќе бидат укинати бидејќи економските услови не се задоволувачки. Поскапо е денес отколку што беше во 2019, барањата на потрошувачите се сменети, луѓето сакаат да одат некаде на друго место. Но, во исто време отвараме нови рути (линии, летови) и додаваме нови капацитети на пазарот. Само оваа година, во 2023 компанијата расте 35% само во Скопје. Тоа е значителен раст. Ние продолжуваме да инвестираме во Скопје, пробуваме да ги најдеме најдобрите рути и капацитети барани од пзарот.

Врз основа на што го правите изборот кои дестинации ќе бидат достапни од Скопје? Како и кои фактори ги анализирате кога одредувате една дестинација, а не друга? Има многу летови до Германија, но само еден до Холандија и ниту еден до Шпанија, зошто?

Јозеф Варади:За да ние бидеме одговорна и компанија која напредува ние ги ремоделираме сите рути. Тие што изгледаат дека се финансиски солидни ќе функционираат, односно како компанија ќе оперираме на такви рути. Но, оние кои не се финасиски оправдани, такви тогаш не ги пуштаме во употреба, сè е врз основа на финансиските перформанси.

Пред десеттина дена беше објавено дека се ближи крај на ефтините летови, бидејќи Системот за тргување со емисиии на ЕУ бара од нискобуџетните компании да се придржуваат до климатските регулативи, односно да плаќаат повеќе за јаглеродни отштети. Дали овие промени навистина ќе го намалат профитот на Визер дури за 77 отсто како што се проценува?

Јозеф Варади: Не, како прво ВизЕр е најодржливата авикомпанија во цела Европа. Ние оперираме со многу низок јаглероден отпечаток по патнички километар од која било друга авиокомпанија во Европа. Ако треба да летате и при тоа се чуствувате одговорни за животната средината, треба да летате само со ВизЕр и со ниту една друга авиокомпанија. Секако ние ги следиме регулативите во оваа индустрија. Исто така ние продолжуваме да ја иновираме нашата платформа за одржливост. Ние сме авиокомпанија која оперира со ЕрБус за да ја дефинираме следната генерација на технологија, со цел да се декарбонизира индустријата. Тоа ќе биде со хидроген што треба да почне да се користи за 10-15 години. Ние сме дел од таа програма и исто така имаме многу инвестиции во одржливо производтсво на воздухопловно гориво, и пред извесно време известивме за инвестицијата во Обединетото Кралство. Чуствуваме одговорност за животната средината. Се разбира,ние ја гледаме регулаторната еволуција околу одржливоста на јаглеродот. Но, да бидам искрен, мислам дека ова треба да биде бенефит за ВизЕр. Ако Европа е сериозна за нејзиниот јаглероден отпечаток и за декарбоназицијата на индустријата треба да ги феворизираат тие авиокомпании што го намалуваат јаглеродниот отпечаток по патнички километар, а не тие што летаат со помали авиони и кои ја загадуваат животната средината.

Значи сè уште ќе има ефтини летови?

Јозеф Варади:Секако да.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“