20 Април, 2024
0.0405

Проф. д-р Ристо Филкоски

ИНТЕРВJУ ФИЛКОСКИ: Со „лов на вештерки“ нема да го решиме загадувањето – потребен е искрен и стручен пристап

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Професорот Филковски е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а негово поле на научна работа се термодинамика, парни котли, индустриски печки, индустриски и енергетски печки, енергетски ресурси и екологија и енергетски технологии за заштита на животната средина. Во рамките на својата научна работа, професор д-р Филкоски има работено на неколку студии за утврдување на критичните точки за загадување.

Професоре, во последните денови сведоци сме дека загадувањето е актуелна тема, која доби и силна политичка конотација. Сепак во интерес на сите нас и на јавноста генерално е да ги утврдиме состојбите и да ги лоцираме вистинските проблеми за да можеме да ги решиме. Во таа насока може ли да ни кажете која е клучната разлика помеѓу мерењата во амбиенталниот воздух, со мерењата на испустиод производните процеси во индустријата?

Филкоски: Загадувањето на воздухот, водите и почвата е секогаш актуелна тема и добро е што е така, но би биле посреќни кога конотацијата би била позитивна, наместо алармирање за состојбите. Точно е дека за да се пристапи кон решавање на одредени проблеми, прво треба да се оцени актуелната состојба, потоа да се лоцираат вистинските извори на проблемите и да се бараат начини за надминување. Во случајот со загадувањето на амбиенталниот воздух состојбата е релативно добро позната, а и причините за загаденоста не се непознати. Разликата помеѓу тоа што се добива со мерења во амбиенталниот воздух на која и да било локација и мерењата на испустите (гасните канали и оџаците) од производните и енергетските процеси во индустријата е огромна. Мерењата на концентрацијата на одредени материи во амбиенталниот воздух заради утврдување на неговиот квалитет и мерењата на испусти од индустриски капацитети се две сосема различни работи. Првото се однесува на степенот на загаденост на воздухот изразен како концентрација на штетни материи во одреден волумен воздух на која и да било локација (на пример, на еден од паркинзите кај Машински факултет).

Второто е директно поврзано со емисијата од конкретен објект или инсталација, определана со вградената опрема, режимот на функционирање итн. Со Законот за квалитет на амбиенталниот воздух се уредуваат мерките за избегнување, спречување или намалување на штетните ефекти од загадувањето на амбиенталниот воздух врз човековото здравје, како и за животната средина како целина. Тука се набројуваат и изворите на загадување, меѓу кои спаѓаат и инсталации во законот означени како стационарни, во кои се одвиваат технолошки процеси, согорување и производствона енергија. Законски е пропишано дека изворите на загадување се проектираат, градат, опремуваат, одржуваат и работат така што да не испуштаат загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух во количество поголемо од пропишаните гранични вредности за емисија. Одговорните во компаниите и соодветни инспекциски служби се надлежни за исполнување на ова барање во секојдневното работење.

Во последните неколку денови во јавноста актуелна е состојбата со измерените параметри во индустриски капацитет, односно котелот за загревање на просториите во УСЈЕ.  За конкретниот случај не располагам со подетални технички параметри, но од информациите што ги имам добиено, би рекол дека станува збор за многу мал извор на загадување. Сепак, она што паѓа в очи е големата врева што се подигна за еден таков, би рекол маргинален случај, како во некои медиуми, така и од страна на некои невладини организации. Морам да нагласам дека со таков пристап само се замаглува суштината на проблемот со аерозагадувањето во Скопје и во други градови и јавноста се дефокусира од комплексноста на целиот проблем. Просто кажано, тоа мене ми изгледа повеќе како „лов на вештерки“. Покажувањето кон еден мал извор на загадување, кој можеби кратко време работел вон од вообичаениот режим, а според своите карактеристики навистина е минорен загадувач,сигурно нема да го реши проблемот на загадениот воздух во градот.

Во текот на зимите изминатите години ПМ10 честичките се најдоа во фокусот на вниманието на јавноста. Како настануваат тие и како се мерат?

Филкоски: Во принцип, квалитетот на воздухот е најлош во зимскиот период поради неколку причини. Во зимски услови циркулацијата во атмосферата често е ограничена и капацитетот за дисперзија на емитираните материи е помал во споредба со летниот период. Појавата на температурна инверзија, карактеристична за котлини, а речиси сите наши градови се сместени во котлини, условува долните слоеви на воздухот да се задржуваат во специфична „затворенасостојба“, што значително ја ограничува можноста емисиите кои се создаваат во градот да се дистрибуираат повисоко во атмосферата. Слабите ветрови и нарушеното природно струење се дополнително оневозможени да го „исплакнат“ воздухот, меѓудругото, и поради неповолните хаотични урбанистички решенија од последниве години. Освен тоа, во зима значаен придонес во загадувањето има секторот греење. Присуството на честички или обичната прашина е облик на загадување на воздухот кој му е најпознат на просечниот граѓанин. Тоа не значи дека нема други штетни материи што се јавуваат од различни извори. Иако често сме зафатени од гасови во сообраќајот или од мирисот на запалени контејнери и слично, некако најмногусмесвеснизапрашината и нечистотијаташтосеспуштаатврзнас, особено во големите градови. Генерално, важи ставот дека најкритична загадувачка супстанца во Македонија се суспендираните честички. PM10 се честички со дијаметарод 10 микрометриилипомалку, додека PM2,5 се честички со дијаметарод 2,5 микрометриилипомалку. Заспоредба, човечкотовлакно е со дијаметар од околу 100 микрометри.Инаку,честичкитенесееднапосебнахемискасупстанција, тукукласификацијатае споредголемина, а не според хемиски својства. Суспендиранитечестички, PM10, во принцип можеданавлезатвореспираторниотсистем, со штетниефективрзздравјетоналуѓето. Граничнитевредностиутврдени со законскатарегулативачесто ивоголемамерасенадминуваат, предизвикувајќиштетнипоследицизаздравјето на луѓето. Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека само тие се проблем, а сѐ друго е во ред.

Честичките во воздухот потекнуваат од повеќе извори: сообраќај, градежни активности, нечисти улици, греење во резиденцијалниот и во други сектори, индустриски активности, оган на депонии, природни извори итн. Ако зборуваме за тоа кои се причините за зголемено загадување на воздухот во Скопје и во некои други градови во Република Македонија, би нагласил дека има повеќе извори и обично индустријата е многу помал дел од проблемот. Македонија памети времиња со многу повеќе индустриски капацитети, кои, патем, беа и поголеми загадувачи, затоа што главно функционираа со мазут како енергент. Освен тоа, во индустриските капацитети обично станува збор за еден или неколку испусти од технолошките и енергетските инсталации, што е поедноставно за следење и контрола, како и за ефективни технички зафати за намалување на емисиите.


Што покажуваат студиите, кои се најкритичните точки за загадување на воздухот?

Филкоски: Прво, мора да се потсетиме и да се разбере дека проблемите со загадувањето на воздухот се таложени со години или поточно со децении. Брзо решение е неможно и неопходен е стратегиски сеопфатен пристап. Еве, ќе набројам барем десетина причини за загаденоста на воздухот во Скопје и во некои други градови во Македонија, па ќе констатираме дека суштинско решение на кој и да било од тие проблеми на краток рок е практично неизводливо. Зголеменото ниво на концентрации на штетни материи, пред сѐ цврсти честички, особено во Скопје и во зимскиот период, се должи на повеќе причини ифактори. Најзначајни се, згуснетите урбанистички решенија, интензивната градба особено во последните 10-20 години, узурпирањето на локации каде што претходно имало зеленило - тревници и дрвја заради градење, превисоките згради кои го нарушуваат струењето на воздухот и други. Сето тоа има големо влијание врз микро климата и во зимски и волетни услови, вклучувајќи и нарушување на природните струења на воздухот. Самите градежни активности, исто така, се сериозен извор на емисии на честици и гасови. Зголемениот број жители во одредени урбани средини пред сѐ,во Скопје како директна последица има користење на поголем број возила и поголемо енергетско оптоварување во секојдневното функционирање, како и други последици од неприродното растење на градот.

Во системите за греење често се употребуваат цврсти горива и разни други сог орливима териипластика, отпадни масла, парчиња стар мебел со различни премази итн. и тоа често во стари и неефикасни уреди за согорување, во услови на несоодветно одржување на оџаците. Од друга страна, нередовното чистење на улиците, особено во комбинација со зголемениот број возила создава услови за подигнување на честици, коиостануваатволебдечкасостојбаподолговреме. Критични точки се и одредени индустриски објекти со несоодветни системи за греење и несоодветни технички решенија за пречистување на гасовите од енергетските и индустриските процеси што се одвиваат во нив, потоа мали бизниси и други капацитети со несоодветни системи за греење и со уреди во кои се горат различни материи, исто така, претставуваат извори на загадување на воздухот. Неорганизирано согорување на отпадни материи на диви депонии и на други локации во и надвор од населените места исто така не треба да се заборави. Непостоењето на системи за централно греење, освен во делови од Скопје, дополнително го усложнува проблемот со аерозагадувањето во градовите. Секогаш е поедноставно да се најде ефикасно решение за еден или неколку локализирани потенцијални извори на загадување (топлани, котларници), особено кога во нив се користи еколошки прифатливо гориво како што е природниот гас и се управувани од доброобучени професионалци, одошто соочувањето со стотици илиилјадници мали извори од кои се емитираат различни штетни материи, често од непознато потекло.

На претходно кажаното директно се надоврзува проблемот познат како енергетска сиромаштија, кој во секојдневието тера голем дел од населението кон нееколошки решенија за греење и за други потреби, а реализацијата на потенцијални мерки за ублажување ја прави многу потешка. Аерозагадувањето ниту е нов, ниту е едноставен и нема брзи, евтини и едноставни решенија. За негово ублажување и решавање е потребен комплексен стратегиски пристап.

Постои иницијатива за поставување на мерни станици за ПМ10 до индустриските капацитети. Дали ова е вистински потег кон решавање на состојбите?

Филкоски: Добро е и на таков начин да се следат параметрите што го дефинираат степенот на загаденост на воздухот. Јас сум секогаш за тоа да има мониторинг, затоа што врз основа на такви податоци може поинаку да се анализира одреден проблем и да се бараат решенија. Меѓутоа, само тоа никако нема да го реши проблемот со загадениот воздух. Претходно „од прва“ ви наброив десетина причини зошто воздухот во Скопје и во некои други градови во Македонија е загаден. Дали и покрај некоја од групите повеќекатници во изградба ќе се постават такви мерни станици? Што е со сообраќајните крстосници или поголемите населби во кои куќите се загреваат со што било?

Повторно би нагласил дека индустријата никако не ја сметам за главен проблем кога е во прашање загадувањето, затоа што таму работите најлесно може да се стават под контрола. Би ве потсетил само на еден неодамнешен пример кај нас. По големата „хајка“ од страна на некои невладини „еко-герилци“ и некои медиуми, беше затворен Југохром, а Тетово и понатаму надминува рекорди според загаденоста. Тоа не значи дека Југохром не беше извор на загадување, но имаше начини како тоа прашање постепено да се средува, наместо со затворање на објектот да се отвораат бројни други проблеми - невработеност, немање потреба од техничко-технолошко образование и култура, потенцијал за иселување на локалното население итн. Друг пример - во Тафталиџе е лоцирана топланата „Запад“, до која во последниве години се изградени повеќекатници, на кои оџаците од топланата им се на оддалеченост од неколку десетици метри! Дали сега новодојдените станари ќе бараат преселба на топланата?

Кој е патот до решение за загадувањето на воздухот на среден рок?

Филкоски: Прашањето е добро поставено, затоа што самото тоа сугерира дека има сериозни ограничувања за што било позначајно да се направи на кус рок. Мора дасенагласидекапроблемите со аерозагадувањетовонашитеградови, особеновоСкопје, Тетово, Битола и некоидруги, несенастанатиодеднаш, нитузакратковреме, тукусеталожени со годининаназад, данеречам, со децении. Тие се последица од редица погрешни одлуки, немање или неспроведување стратегија во развојот на урбаните средини, недоволно развиена инфраструктура - транспортна, енергетска како гасификација и системи за централно греење и другипричини. Порадитоа, тие и не може да серешат со волшебно стапче, туку за релативно краток рок може само да се ублажат. Ако се направи сеопфатен преглед на изворите и влијателните фактори на загадувањето на воздухот во урбаните средини, станува јасно дека лесни, едноставни, брзи и доволно ефикасни решенија на краток рок не постојат.

Но, нели, секое патување започнува со првите чекори! Тоа што може да се направи е да се започне со нешто што ќе бара подолготрајна посветеност, истрајност и расположливи ресурси - финансиски, човечки, технички и други. Зазначително подобрување на еколошката состојба е потребен суштинскистратегискипристап, со примена на широк комплекс од добро осмислени мерки, развој на транспортна инфраструктура особено во делот на јавниот транспорт, запирање на хаотичната градежна експанзија, развој на соодветни системи за греење, имплементација на мерки за подобрување на енергетската ефикасност на објектите, развој на систем за гасификација особено кон индустриските и други поголеми капацитети и во деловите кадешто не е застапен системот за централно греење, мерки на поддршка за поголема примена на алтернативни извори на енергија, соодветна политика на следење на загадувачи, мотивирање на населението да се задржува во помалите населени места преку создавање соодветни услови и многу други.За реализација на тоа, пак, се неопходни стручни анализи во повеќе области, вклучување на релевантни стручни лица од тие области, значителни финансиски ресурси, време, голема посветеност и ангажирање од страна на надлежните институции, а најмногу од тие што се одговорни за донесување клучни одлуки, како и добра волја и вложување на од сите граѓани. Самонатаковначинќедојдат и резултатите. Но сигурно не накраток рок! Ублажувањето и решавањето на овој проблем бара многу подолготрајно ангажирање отколку што е времетраењето на политичките мандати и затоа политичките партии треба да престанат со препукувања по оваа основа. Напротив, ова е едно од оние прашања за кои е неопходно обединување на сите расположливи сили во општеството.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители