19 Април, 2024
0.0262

Интервју со Бобан Томески - директор на Секторот за обработка на штети во Кроација осигурување - неживот

Адекватно осигурување за безгрижно патување во странство

Објавено во: Економија, Интервјуа 16 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со позитивни и пријатни искуства и спомени. Меѓутоа, во секој момент може да нѐ изненадат непредвидени и несакани настани. Патничкото осигурување од Кроација овозможува безгрижност при патувањата од каква било природа, проследена со целосна асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствените протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот. Бобан Томески, директор на Секторот за обработка на штети во Кроација осигурување - друштво за неживотно осигурување АД Скопје, ја објаснува потребата од соодветно патничко осигурување при напуштање на државата.

Зошто е потребно да се има адекватно осигурување при патување во странство

Томески: Има видови осигурувања што мора задолжително да ги имаме поради законски пропишаните обврски, а и такви што во суштина се доброволни, но треба да ги имаме и поради лична заштита од непредвидени финансиски трошоци, со што ризикот од нас како осигуреници го пренесуваме на Друштвото за осигурување. При патување во странство со автомобил, она што мора да имаме е Зелена карта. Со неа докажуваме дека поседуваме соодветно осигурување за нашата одговорност за штетите што би ги причиниле на трети лица со употреба на автомобилот, а доколку имаме и каско осигурување, тоа би значело покритие плус за материјалната штета на нашето возило што е предизвикана во сообраќајна незгода кога сме одговорни ние, односно кога сме виновни поради неа. Во секој случај, и без разлика со кој вид превозно средство излегуваме од територијата на Македонија, неопходно е да поседуваме полиса за патничко осигурување.

Што претставува патничкото осигурување и кои се причините за купување ваков тип осигурување

Томески: Осигурувањето туристичка помош за лицата што се соочуваат со проблеми при патувањето, кое кај нас и во регионот е познато под комерцијалното име Патничко осигурување, иако е доброволен вид осигурување сепак си го носи приматот на задолжителност, односно пред патување и без разлика дали станува збор за годишен одмор, неколкудневна прошетка и посета на одредени знаменитости во странство или студиска посета и слично, не смееме да си дозволиме да излеземе од дома без да обезбедиме полиса за патничко осигурување.

Иако во одредени случаи или држави во кои патуваме за да добиеме дозвола за престој, учество во некоја програма или едноставно виза, мора да приложиме доказ за адекватно патничко осигурување, сепак ние ќе се задржиме и ќе потенцираме на граѓанската свест за обезбедување осигурително покритие при патувањето. Клучната причина е тоа што со полисата за патничко осигурување обезбедуваме лична заштита и избегнување непредвидени, а нејчестои доста високи финансиски трошоци за лекување во странство.Исто така, многу често се случува луѓето, по одреден несреќен или немил настан,да се чувствуваат доста несигурно, со оглед на тоа што баш во тој момент се наоѓаат на територија на странска држава и се соочуваат со дополнителна паника. Токму поседувањето полиса за патничко осигурување во значителна мера го ублажува тоа чувство на несигурност, особено од причини што знаеме дека Друштвото за осигурување е тука за да ги покрие финансиските трошоци за одењето на лекар и неопходното лекување, а, секако, иможноста за повик до асистенски центар кој ќе ни даде инструкции за тоа како најбрзо и наједноставно да стигнеме до медицинска помош.

Сепак, осигурениците мора да бидат свесни дека со овој вид осигурување не се покриваат трошоците за превентивни, контролни прегледи или за неоправдано одење на лекар, туку само неочекуваните, интервентнии итни настани по кои, доколку не се побара медицинска помош, може да се соочат со дополнително нарушување на здравствената сосотојба. Исто така, за случаи на сериозно нарушување на здравјето, по завршување на неопходното лекување и медицински третмани штом здравствената состојба го дозволува тоа, осигуреникот е должен да се врати во матичната земја и таму да го продолжи лекувањето, се разбира,ако е потребно.

На што треба особено да се внимава при купување Патничко осигурување?

Томески: Како и секој друг вид осигурително покритие така и Патничкото осигурување, доколку не е адекватно, односно соодветно на потребите на осигуреникот, исто како да го нема.

Она на што осигурениците мора да внимаваат е да купат полиса за патничко осигурување која обезбедува осигурително покритие за државата во која патуваат и да се обезбедат со доволен број осигурени денови што соодветствуваат на периодот на престојот надвор од територијата на Македонија. Замислете осигуреник да купи полиса за патничко осигурување што нуди покритие за територијата на Европа, а да патува за Америка или да се обезбеди со 10 осигурени дена, а посетата на странската држава да трае 20 дена. Со цел да се обезбеди целосна валидност на полисата за патничко осигурување, мора да се внимава и на тоа што полисата треба да се купи во период додека сѐ уште сме дома, односно во нашата држава.

Исто така, во однос на адекватноста и осигурителното покритие треба да се внимава и на сумите на осигурувањето до кој износ е обврската на Друштвото за осигурување, а кои се движат и до неколку десетици илјади евра, што ја потврдува и значајноста на овој вид осигурување. Како пример, со полиса за патничко осигурување купена од Кроација осигурување се обезбедува покритие за трошоци за лекување поради болест или незгодадо износ од 30.000 евра.

Иако во практиката се случуваат таков вид настани кои се со значително високи износи, сепак најчести настани во периодот на годишните одмори и семејните патувања се малите незгоди, како:висока температура, стомачен вирус, воспалување на увото, забоболка, повреда на екстремитетите или исеченици и слично, кои навидум не претставуваат голем финансиски трошок. Но, зависно од државата во која се престојува, и едно воспаление на увото може да чини неколку стотици евра. Дополнително, многу е значајна и улогата на асистентскиот центар кој во таа непријатна состојба на осигурениците им дава инструкции каде да се обратат за медицинска помош и дека со приложување на полисата нема да има потреба да платат ништо. Затоа, за да не ве „боли глава“ и да не ви се претвори одморот во кошмар барајќи лекар, заедно со голем финансиски трошок, обезбедете се со полиса за патничко осигурување.

Кои поволности ги дава патничкото осигурување на Кроација осигурување при излегување надвор од државата

Томески: Сето значење на овој вид осигурување, кое го спомнавме претходно, може да се обезбеди преку полисата за патничко осигурување на Кроација осигурување. Во секој случај, патничкото осигурување на Кроација осигурување претставува еден клиентски ориентиран продукт со реално покритие и голем опфат на осигурени ризици. Станува збор за лесно достапен продукт, кој осигурениците можат да го обезбедат преку големата мрежа на експозитури на Кроација осигурување, од посреднички канали со кои Друштвото има склучено договори, но, секако, тука е и едноставниот начин на купување онлајн полиса за патничко осигурување преку веб-страната на Друштвото.

Она што би го потенцирале како клучна предност е лесниот и брз начин на пријава на штетниот настан, односно обесштетување. Во однос на ова би им укажале на корисниците на полиса за патничко осигурување доколку им се случи немил настан и имаат потреба од медицинска помош и одење на лекар, веднаш и во кое било време да се јават на бројот на асистентската куќа - EuropAssistance (тел. +36 1 236 7543) или да пишат на operationsr@europ-assistance.hu), со која Душтвото има исклучително добра соработка, а со цел соодветно и навремено давање помош на нашите осигуреници. Во случајбарање рефундација на средствата или доставување дополнителна документација поврзана со штетата за патничко осигурување, осигурениците можат тоа да го направат на следната електронска адреса sos@crosig.mk, а за подетални информации по однос на ова прашањеможе да ја посетат веб-страната на Друштвото на линкот.

Тоа што би додале за Патничкото осигурување на Кроација осигурување, што можеби е клучно за периодот во кој се наоѓаме, и, секако, претставува наша конкурентска предност, е реалното покритие за состојби на ковид-19 до 10.000 евра, и тоа за: трошоци за тестирање по насока на лекар, медицински прегледи, болничко и вонболничко лекување, како и репатријација (враќање дома).

Што се добива со купување полиса за каско осигурување за возилото при напуштање на државата

Томески: Со полисата за каско осигурување на возилото го добиваме сето она покритие, осигурени ризици што може да се случат и на територија на нашата држава. Тоа значи дека доколку поседуваме соодветно каско осигурување и со возилото се наоѓаме на територија на странска држава и таму ни се случи сообраќајна незгода или, можеби, нашето возило се оштети како последица на некоја елементарна непогода (град, бура, поплава, пожар и сл.), трошокот за поправка на возилото ќе биде покриен од Друштвото за осигурување. Исто така, каско полисата покрива и штети како оние што се случија пред неколку дена во соседна Грција, кога десетици возила на наши сограѓани беа оштетени со цврст предмет од непознат сторител.

Она што сакаме да потенцираме и што на ова дава дополнителна вредност, е тоа што со каско полисата купена од Кроација осигурување, во случај кога по сообраќајна незгода возилото не е во возна состојба,се покриваат и трошоците за влечење и извлекување, односно превоз на автомобилот до најблиската работилница каде што може да се изврши привремена или конечна поправка, или до местотона живеење на осигуреникот.

Во секој случај, за помала штета, кога возилото е во возна состојба, нашите осигуреници можат по враќање домада ја пријават штетата во Друштвото со давање опис на настанот, а за случаи кога е потребна и потврда дека настанот е пријавен во Министерството за внатрешни работи на државата каде што престојувале. Во практика, за овој вид осигурување, како и за секоја материјална штета на движен или недвижен имот се препорачува доставување слики од самото место, кои ја олеснуваат и ја забрзуваат постапката за обесштетување.

Зошто е потребно да се има Зелен картон и кои се придобивките при патување во странство

Томески: Согласно со домашната регулатива полисата за автомобилска одговорност е задолжително осигурување кое сопственикот на возило мора да го обезбеди при регистрација, а тоа е осигурување што покрива штети кои со употреба на возилото се причинети на трети лица, а се настанати на територијата на Македонија.

Зелената карта, согласно со нашата регулатива, претставува проширување на територијалното покритие на осигурувањето од автомобилска одговорност за штетите на трети лица што се настанати надвор од територијата на Македонија, а важи во сите земји кои се членки на системот на Зелена карта и се наведени во неа. За влез на странска територија мора да докажеме дека поседуваме соодветно осигурување од одговорност за штети причинети на трети лица со употреба на моторно возило, а тоа значи дека при излез од државата мора, покрај домашното осигурување од автомобилска одговорност, да поседуваме и Зелена карта.Исто така, мора да потенцираме дека со Зелената карта се обезбедува проширено покритие и во однос на сумите на осигурувањето, односнонашата одговорност е осигурена до сумите на осигурување кои важат во земјата што ја посетуваме илиниз која транзитираме.Тоа се милионски суми, кои се неколкукратно повисоки од овие што се на сила кај нас, а има и земји каде што осигурителното покритие е без лимит, односно нема горна граница на осигурената одговорност.

Од сето претходно кажано може само да заклучиме дека парите што ги уплаќаме за купување осигурување не се залудно потрошени, туку преку полисата за осигурување ги заштитуваме сопствениот имот и буџет од значителни финансиски загуби, а ризикот што го носиме го презема Друштвото за осигурувење.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб