08 Мај, 2024
0.0242

Интервју со Синиша Наумоски - АБИТ создава професионалци во банкарството со иновации и напредни методи на работа

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) постои со цел да обезбеди специјализистичко и дополнително образование преку кое професионалните кадри ќе се доусовршат и ќе ги применуваат најновите методи на работа и иновација. За заложбите и можностите кои ги нуди оваа образовна институција разговараме со доц. д-р Синиша Наумоски, извршен директор на АБИТ.

Фактор: Објаснете ни какви услуги нуди АБИТ, кој е вашиот фокус на едукација и какви бенефити се добиваат од обуките и семинарите кои ги одржувате?

Нашата мисија како АБИТ е да создаваме современи концепти на специјалистичко образование и да поставиме нови професионални образовни стандарди во двете најперспективни и силно поврзани индустрии во светот: банкарската и информатичката. Оттука, своите цели и задачи ги остваруваме преку утврдена програма за работа, односно преку следниве активности: неформална сертифицирана едукацијаи организација на работни сесии, семинари и други видови обуки и настани за потенцијалните и постоечкибанкари, сметководствени работници и работници во областите на информатичките технологии, како и тренинг и едукација во функција на зголемување на вработеноста и претприемачкиот дух кај младите, во областите: банкарство, сметководство и контролинг. Од ова, може да се издвои дека вработеноста и експанзивното движење на претприемачкиот дух се првенствено најголемите бенефити од специјализациите и семинарите. Како што веќе знаете, Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) - Скопје, на генералниот состанок на земјите-членки, на 25 јуни 2014 година во Хелсинки, Финска, станачленка на Европската банкарска тренинг асоцијација од Брисел, орган во состав на Европската Банкарска Федерација. Со добивањето на статус – придружен член во EBTN (Еuropean banking and financial services training association), на долг рок, Академијата добива право да биде единствена од Република Македонија и од регионот акредитирана за програмата „Certificate in Banking (EFCB)“. Ова значи дека набрзо ќе се воспостави стандардизирање на македонските банкарски работници со колегите од ЕУ ицелиот свет, каде што ваквата диплома (ЕУ-сертификат) „EFCB“има важност. Тоа исто така е огромен бенефит за нашите слушатели на АБИТ едукативните програми, а секако најголема придобивка ќе имаат идните генереции банкари кои претендираат да работат во нашите и банките од земјите членки на ЕУ.

ФакторРазвојот на новите технологии наоѓа се поголема примена и во банкарскиот сектор, а корисниците се почесто ги прифаќаат алатките кои се на располагање. Како АБИТ може да помогне во реализација на овие трендови?

Покрај многубројните потпишани партнерства во изминативе две години (соработката во ИТ индустријата и партнерствата со: КИБС АД Скопје, групацијата Семос, МАРнет, АЕК и Microsoft Македонија) како особено драги од лична перспектива,и значајни во целост за нашиот едукативен ситем воопшто, ги издвојувам партнерствата со: лондонската „Retail Banking Academy®“ и минхенската „Controller Akademie®“. Денес, во нашата држава, на мислење сум дека за прв пат може да се изведува настава согласно методологијата на најпрестижните академии за стручно образование во светот, но внимавајте, по цени прилагодени за нашите граѓани. Во таа насока сакам да подвлечам дека цените за сертификацијата (на пример: во областите на controlling-от) се дури десеткратно пониски од целиот регион, каде пак, сме единствени под менторство на Германија и Австрија, а во соработка со домашна софтверска команија, во изградбата на „controlling лабараторија“. Тоа е огромен исчекор напред од стојалиштето на теоријата кон едно ново и современо практичното изучување на материјата. Заслуга за тоа, секако треба да му се даде на УО на АБИТ кој веруваше во поставените цели и поддржа наше полноправно членство во Меѓународната група за контролинг. Да бидам објективен, бенефитите по тој основ сеуште се на почетокот... Македонија во 2017 година ќе биде домаќин на Годишното Собрание на светските „владетели“ во занаетот наречен контролинг.   

ФакторНаскоро ќе заврши новиот (прв) уписен рок за специјализација во повеќе области на банкарското работење. Со какви вештини и знаење ќе се стекнат слушателите на обуките?

Согласно внатрешните регулативи на АБИТ, определени се два уписни рокови: септември – октомври (прв) и јануари – февруари (втор). Оттука, како што рековте и Вие во прашањето, во тек е првиот уписен рок, но само во делот на ризиците, compliance и сметководство. За таа цел, сакам да напоменам за сите запишани слушатели дека едногодишната сертификациона програма за банкарска специјализација во областите на ризици, compliance и сметководство започнува на 28/29 ноември 2016 година. Додека пак, уписите за преoстанатите четири специјалции (Certified Retail Banker-CRM, Certified Controller-CC, Certified Branch Management-CBM и Certified Credit Analyst-CCA) започнуваат во 2017 година - втор уписен рок (јануари-февруари). Наставата по тој основ ќе започне првата недела од месец март, 2017 година.   

Нашето мото на специјализациите (студиите) е: „ОД ПРАКТИКА ЗА ПРАКТИКА“. Специјализацијата „CERTIFIED RISK MANAGER®“ ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на управување со најзначајните категории на ризици со кои финансиските институции се соочуваат во нивното работење (кредитниот, пазарниот, ликвидносниот, каматниот и оперативниот ризик). Програмата става акцент на тековните и практичните трендови на управувањето со ризици на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот банкарски сектор. По завршувањето на програмата, учесниците ќе бидат способни на:соодветно разбирање на интерната контролна средина и управувањето со ризиците во финансискиот сектор; преглед и разбирање на релевантни методи за управување со финансиските и нефинансиските ризици;поседување на нужни теориски и практични “know-how“ компетенции во имплементација на соодветна рамка на управувањето со ризици; олеснето разбирање на актуелни пазарни промени и нивно влијание врз финансиската состојба на макро и микро ниво вклучувајќи ги и интерните финансиски импликации;спремност да се разберат актуелните и релевантни регулаторни барања и нивна примена во секојдневното работење на финансиските институции од областа на управувањето со ризици.  

Програмата „CERTIFIED COMPLIANCE SPECIALIST®“се одвива врз база на серија предавања од областа на Усогласеноста (Compliance) со презентација на стручна литература и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на програмата ќе се направи проценка на здобиеното знаење на слушателите од овој основен модул преку тестови и изработка на проекти – т.н. Студии на случај (Case studies) од страна на слушателите. Програмата ќе обезбеди определување на терминот усогласеност („Compliance“) и службеник на усогласеност („Compliance Officer“), идентификување на основната улога на оваа професија во институциите, идентификување на основниот ГАП (GAP) меѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди. Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување на адекватно ниво на информации за идните и сегашните професионалци со цел усогласување со барањата на домашната и на странската регулатива. Целна група: вработени во банките и финансиските институции, како и во останатите приватни и јавни друштва и организации кои директно или индиректно работат со усогласено работење (ново), вработени во одделите за усогласување, директори/раководители на сектори/ филијали, членови на повисок менаџмент.

Фактор: Кој се може да се пријави за специјализациите? Како потоа стекнатите сертификати може да се употребат за добивање на квалитетна работна позиција и колку тука е важна соработката со банките и финансискиот сектор во Македонија?

На специјализациите може да се пријави секој учесник кој се занимава или има интерес да се занимава со професија во областите на банкарство и финансии. Имено, при аплицирање за еден од модулите, задолжително апликантот потполнува прашалник за самоевлуација на нивото на знаење поврзано со темите на модулот каде соодветно аплицира (Level 1, 2 или 3) т.е. со темите на специјализацијата за кој се пријавува. За таа цел, на нашиот интернет портал се објавени сите дополнителни чекори неопходни за завршување на апликацискиот процес (Види на web: www.abit.edu.mk; e-mail: info@abit.edu.mk). Напоменувам дека формалното образование не е клучно или со други зборови кажано, формалното образование не е задолжително, но пожелно е претхоно познавање на економија, право и финансии. Гаранција дека стекнатите сертификати можат да се употребат за добивање на нова работа или за преквалификација на друго работно место, дома и во земјите од ЕУ, претставуваат бројните меѓународни договори на македонската банкарска академија – АБИТ, добиените акредитации од Министерството за образование и наука на Р. Македонија, како и соработката со меѓународните институции за Retail банкарство и контролинг од Лондон и Минхен.

Менторството од страна на ЕУ, преку „EBTN - European banking and financial services training association“ за АБИТ е дополнителна гаранција за ЕУ квалитет на услугите и издадените наши дипломи (сертификати). Секако, за обележување е и поддршката од страна на Народната банка на Република Македонија, како наш најголем помагател со ресурси во изведувањето на практичните наставни програми и нивната активна вклученост во раководење на АБИТ. Во нашата корпоративна структура, НБРМ учестува со три членови од нивното високо раководставо, и тоа: Вицегуверенерот проф. д-р Фадиљ Бајрами, како член на УО на АБИТ, проф. д-р Евица Делова Јолевска – Директор на Дирекција за вонтеренска супервизија и лиценцирање во НБРМ, како потпретседател на нашиот УО и проф. д-р Богољуб Јанкоски, Шеф на кабинет на Гувернер на НБРМ, како член на нашиот Академски Совет.

Во овој контекст сакам да дополнам дека целокупниот АБИТ авторитет е изграден и врз база на активната поддршка од инцијаторите за негово основање, како што се: Комерцијална банка а.д. Скопје, Стопанска банка а.д. Скопје, НЛБ Банка а.д. Скопје, Охридска банка, Сосиете Женерал а.д. Скопје, ТТК банка а.д. Скопје, Еуростандард банка а.д. Скопје, Стопанска банка а.д. Битола, КИБС Клириншка куќа а.д. Скопје, Македонска банка за проддршка на развојот а.д. Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Економски институт, EOS matrix дооел Македонија и Агенцијата за електронски комуникации Република Македонија.

Фактор: Каква е вашата оценка за едукативниот процес во АБИТ и воопшто во РМ? Колку се важни квалитетните кадри кои ги одржуваат специјализациите и семинарите, кон што се стремите?

Јас често знам да се повторам во контраверзната и критична теза за основната цел на современиот концепт на образование. Денес, новиот современ образовен (формален) систем мора да креира нови дипломци кои ќе бидат способни за имплементација на нови работи, а не едноставно да ги повторуваат работите што ги направиле другите генерации. Со еден збор кажано, современиот систем на образование ќе може да се нарече добар, само и само ако создава, академски граѓани кои се креативни, иновативни и склони кон откривање. Во спротивност за десеттина години, се другопоинаку ќе биде само просек или обична квантификација. 

На крајот, и нешто лично: она што ми дава мотив да продолжам понатаму е силната поддршка на македонските банки во нашите намери за остварување на мисијата, што кажува дека тие се заинтересирани постојано да го обучуваат и да го дообучуваат постојниот и потенцијалниот свој кадар, како и да создаваат силна општествена одговорност. Јас велам: „Банкарската индустрија е наш голем пријател и како индивидуи и како бизниси.“ Кога ваквата идеја за стручна банкарска академија стана реалност, бев воодушевен што конечно младите дипломци, магистранти и докторанти ќе имаат каде во континуитет да посетуваат неформално образование. Како што милувам да кажам, најбитната карактеристика на секој човек треба да биде објективноста. Токму затоа ние во АБИТ го поставивме тој принцип на прво место: да бидеме објективни кон сè и за сè. Водени од овој принцип, денес, мораме да признаеме дека кај нас се појавува јаз помеѓу аутпутот на формализмот и практиката. Таквиот јаз сè повеќе се продлабочува и создава проблеми кај работодавачите од една и потенцијалните вработени од друга страна. За да не биде така, ние го основавме АБИТ. Веруваме дека со оваа организација-академија во иднина ќе се дејствува во функција на зголемување на квалитетот во стручните квалификации кај младите. Токму затоа, во изминатите две години, во своите редови интегрираме експерти кои имаат најмалку десет години практично искуство на високи раководни структури (банкарски специјалисти), членови на управните одбори на банките и високи авторитети од НБРМ. Меѓу предавачите беа врвни професионалци од домашните банки, помеѓу кои: гувернерот м-р Богов, гувернерот на Босна и Херцеговина проф. д-р Козариќ, вицегувернерот на Хрватската народна банка, проф. д-р Фауленд, неговиот колега од централната банка на Црна Гора, проф. д-р Фабрис, како и истакнати професори од Република Полска и високи авторитети од Брисел. Направивме семинари за млади и идни банкари со врвни предавачи дома и од регионот.

Во оваа прилика го најавувам нашиот нареден голем настан на 25 ноември, 2017 во 11 часот, со меѓународен експерт,Милојица Дакиќ,Гувернер на Централна Банка на Црна Гора. Тема на семинарот е: “Значењето на мотивацијата во изборот и работењето на младите банкари”.  


Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“