26 Април, 2024
0.0297

ИНТЕРВЈУ СО НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА МЕРИОТ: Успехот никогаш не е конечен, наш императив е секогаш да ги поставуваме целите повисоко

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 30 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Г-дин Огуз Ерујгун е новиот Генерален менаџер на Скопје Мериот хотел од март оваа година. Пред оваа функција, Ерујгун, кој работи во сферата на хотелиерството речиси 30 години, беше Генерален директор на хотелот Renaissance во Измир, Турција, што, исто така е дел од хотелското портфолио на Marriott International. Со своето долгогодишно меѓународно искуство во различни сегменти, различни брендови и речиси 10 години поминати на менаџерски позиции во Marriott International, Ерујгун носи нова свежа енергија во Скопје Мериот хотел, иновативен пристап и сосема ново менаџерско искуство.

Новиот Генерален менаџер воедно презема и голема одговорност да ја продолжи успешната приказна на Скопје Мериот, но пред сѐ и да ја надгради, водејќи го тимот кон нови предизвици и пресретнувајќи ги високите очекувања на гостите, партнерите и соработниците.

Поседувате обемно, различно и долгогодишно меѓународно искуство во хотелиерството. Што бележи Вашиот професионален курикулум, особено во врска со вашите почетоци и одлуката за кариера во хотелиерството?

Ерујгун: Пред да дојдам во Скопје, бев Генерален директор на друг хотел од групацијата Marriott International, хотелот Renaissance во Измир, додека пред тоа бев директор за финансии во JW Marriott во Анкара. Пред да се приклучам на брендот Marriott, работев за различни етаблирани хотелски брендови. Во Кемпински Женева, Швајцарија поминав околу 10 години, работев во хотели во Истанбул, Медина, Саудиска Арабија, а подоцна и во Сараево, Босна и Херцеговина. Моето патување во хотелската индустрија започна во 1987 година во гимназијата во мојот роден град Истанбул. Ова патување продолжи речиси без прекин во текот на моите универзитетски години. Не можам да се замислам себеси во друга индустрија. Работата во хотел е забавна 24 часа, секој ден.

Каков беше Вашиот прв впечаток кога ги посетивте Скопје и Скопје Мериот?

Ерујгун: Скопје е жив и магичен град и бев навистина позитивно изненаден кога првпат го видов. Опкружен е со прекрасна природа, а храната, музиката и културата ми се при срце. Локацијата на Скопје Мериот е неспоредлива. Воодушевува глетката од собите кон плоштадот Македонија и Вардар. Само со неколку чекори сте во срцето на Скопје!  Лобито и ресторанот Дистрикт се елегантно уредени, со внимание на секој детаљ. Кога влегувате во хотелот е како да влегувате во некоја друга димензија, едноставно хотелот ве освојува на прв поглед. Има некоја посебна магија. Истата таа почетна магија од првиот момент кога влегов тука ја доживувам и неколку месеци по моето официјално доаѓање, а верувам и сите наши гости, партнери и клиенти, кои знаат да препознаат врвна професионална услуга по светски стандарди и докажан мотивиран тим со експертиза во својата област.

Пред да знаете дека ќе бидете назначени на оваа позиција, кои беа работите што веќе ги знаевте за Скопје Мериот?

Ерујгун: Кога првпат го посетив Скопје во 2013 година додека работев во Сараево, пиев Скопско пиво, гледајќи кон плоштадот и никогаш не би замислил дека за неколку години овде ќе се изгради прекрасен хотел, уште помалку дека јас ќе се вратам на Балканот и дури ќе водам тим тука. Исклучително сум среќен што сум тука и што сум дел од еден неверојатен тим! Немам никакви сомнежи околу блескавата иднина што нѐ чека и плановите што ги градиме заедно. Ова е тим што победува на долги патеки.

Претходниот генерален менаџер на Скопје Мериот, ​​г-дин Волфганг Колер, Ве опиша како човек со претприемачки дух, мудар и храбар. Се разбира ова Ви годи, но имате и огромна одговорност? Која е Вашата краткорочна и долгорочна визија за хотелот и Вашите планови?

Ерујгун: Волфганг е искусен хотелиер, вистински ветеран во Marriott веќе 35 години. Многу го почитувам за сѐ она што го има направено. Ова е нешто налик штафетна трка - ја презедов функцијата од него и сега морам да ги поставам целите уште повисоко – на овој начин се надоградуваме. Мојата примарна цел е да ја задржам нашата позиција како лидер на пазарот, нудејќи им на нашите гости и клиенти врвни иновативни услуги по светски докажани стандарди. Нашата цел е да креираме долгорочни релации, нашите клиенти нѐ препознаваат и благодарни сме за нивната доверба и лојалност. Сметам дека Скопје и луѓето кои живеат овде имаат голем потенцијал. Мојот главен приоритет, воедно како дел од културата на Marriott е мојот тим да биде секогаш задоволен, мотивиран и да напредува во паралелна линија со приказната на брендот. Задоволни вработени значи и задоволни гости, едното не може без другото.

По што се разликува Marriott од другите угостителски брендови? Да се ​​биде дел од меѓународен бренд значи дека треба да се следат и да се исполнат многу услови, стандарди и барања.

Ерујгун: Она што го сфатив одамна е дека никогаш не уживав вистински во мојата работа сѐ додека не се приклучив на брендот Marriott. Од гледна точка на вработен, се чувствувате вредни. Нашите основни вредности во Marriott и силната култура гарантираат сигурни работни места по светски стандарди, каде што секој може пред сѐ да ужива во работата, но и да се надградува и да се пронајде себеси. Индивидуалниот раст на нашиот тим мора да оди во линија со корпоративниот. Нашиот персонал ги има најдобрите можности за кариера во индустријата. Веќе имам многу колеги кои сега работат во различни земји, во рамки на Marriott. Се грижиме за нашите луѓе кои се грижат за гостите на најдобар можен начин. Горди сме што секоја година добиваме награди и како Скопје Мериот и како Marriott International, кој со години наназад се наоѓа во друштвото на најдобрите 50 компании за работа во САД. Во Marriott работиме по највисоки стандарди, така што квалитетот на нашите услуги е секогаш највисок на пазарот. Нашиот бренд е најголемата хотелска компанија во светот со над 6.000 хотели ширум светот. Marriott ја има најдобрата програма за лојалност -Bonvoy, што нуди многу придобивки и поениза своите членови. Ширум светот, имаме над 160 милиони Bonvoy членови, бројка што секојдневно се зголемува.

Како гледате на моменталната ситуација со хотелиерството, имајќи ја предвид пандемијата?

Ерујгун: Ковидот влијаеше на нашите животи во секој поглед, на нашата индустрија посебно. Сепак извлековме многу поуки, се наоѓавме во ситуации кога требаше да изнаоѓаме различни решенија и начини на функционирање, но станавме уште посилни и поотпорни од порано. Нашиот бизнис се врати на ниво од пред Ковид пандемијата и очекуваме дека побарувачката дополнително ќе расте. За време на пандемијата, имаше индикации дека по неа патувањата ќе се намалат, а хибридните состаноци и работата на далечина ќе останат реалност, но, како што гледаме денес, желбата да патувате и лично да се сретнете со вашите колеги, партнери и клиенти се бесценети и не можат со ништо да се заменат. Исто така, би сакал да напоменам дека на мојата претходна позиција во Измир, кога започна пандемијата, јас и мојот персонал поминавме низ многу предизвици како и многумина од вас, и во втората половина на 2021 година, кога последиците од пандемијата сè уште беа присутни, ние успеавме да дадеме резултати, на ниво идентично како и пред пандемијата. Тоа значи дека со добар тим, добра стратегија, иновативни алатки и континуирано инвестирање во брендот, ништо не е невозможно.

Дали има нешто што ако погледнете наназад, би го направиле поинаку или воопшто не би го направиле?

Ерујгун: Мојот најголем предизвик беше да одлучам да работам во странство. Никогаш не мислев дека ќе го посакувам ова толку. Напуштањето на вашата зона на комфор можеби звучи тешко, но носи свои бенефити. Од денешна перспектива, никогаш не би направил ништо поинаку. Кога би морал да издвојам нешто како желба, би патувал повеќе. Имам уште многу места да видам!

Неодамна Скопје Мериот ја прослави својата шестгодишнина, каде го гледате хотелот за 20 години од сега?

Ерујгун: Посакувам уште многу години полни со успеси и убави спомени за нашите гости, како и за нашиот тим. Во годините што доаѓаат и имајќи ги предвид сите наши планови и амбиции за понатаму, повеќе од сигурен сум дека Скопје Мериот хотел ќе ја задржи позицијата на лидер на пазарот и ќе ја надгради својата успешна приказна уште повеќе, во чекор со нашите клиенти и гости.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“