29 Мај, 2020
0.0425

Интервју со Dark1: Креаторите на играта која Скопје го претвори во пост-апокалиптична авантура

Објавено во: Интервјуа 02 Мај, 2020

Најавата за новата игра Skopje звучи навистина примамливо, дури и се поклопи со актуелната состојба во главниот македонски град кој во полицискиот час кога нема никакво движење и има пост-апокалиптична атмосфера на напуштеност и отсуство на луѓе. Зад оваа игра стои тимот на Dark1, составен од Кристијан Трајковски, Симон Стојановски и Марко Зарев. Замислата за Skopje е да биде стилизирана пост-апокалиптична акциона игра во прво лице (FPS) со стрип дизајн за уникатна позадина и што е уште поважно играчите ќе може да се сретнат со иконски градби од Скопје во бруталистички стил изградени по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Концепт уметничките скици за Skopje изгледаат фантастично, па за очекувањата за финалниот производ и за предизвиците на македонската гејминг индустрија разговаравме со тимот на Dark1. Проектот е кофинансиран од ФИТР.


Како се одвиваше креативниот процес на наоѓање на соодветни градби, локации и сцени од скопското поднебје за една пост-апокалиптична игра, дали создавањето на една таква специфична атмосфера во која би се внел играчот е можеби рецептот за успех?

Со цел наоѓање на соодветни градби и локации, одвоивме еден ден во кој ги посетивме најголемите и најзначајните бруталистички градби и локации во Скопје, и ги фотографиравме. Ние цврсто веруваме дека создавањето на една ваква уникатна атмосфера ќе биде интересна и за луѓето коишто живеат или го посетиле Скопје, а истовремено ќе биде и возбудлива за играчи коишто прв пат слушаат за градот. Се решивме да го доизградиме визуелниот стил на играта со стрип елементи, коишто го дополнуваат целокупното темно пост-апокалиптично сценарио.

Dark1: Какво искуство поседувате во тимот на Dark1, на кои игри досега сте работеле и како тоа влијаеше на развојот на Skopje?

Dark-1 како тим постои и работи уште од 2012 година и има посетувано и освојувано награди на голем број натпревари за создавање на игри: Global Game Jam Skopje, Nordeus Hackathon, Nordic Game Jam, Ludum Dare. Покрај настани, тимот има професионално искуство со развој на видео игри, работејќи во компании како Tesseract Interactive (Excubitor) и NapNok Games. Дарк-1 е регистрирана компанија од почетокот на 2018 и нашата прва игра како Дарк-1 – “Odium to the Core” е достапна на iOS, PC, Xbox One и Nintendo Switch платформите.

Дарк-1 е искусен тим со долгогодишно искуство, и тоа се познава по„Скопје“.

Во екот на пандемијата со корона вирусот гејминг индустријата прерасна во еден од економските победници, прометот е зголемен, а бројот на играчи постојано расте. Како гејминг заедницата даде придонес во спречување на заразата со примена на препораките за седење дома, и како македонските гејмери вклучително и гејминг студија како вас се поставија кон овој предизвик?

Гејминг заедницата прерасна во најдобриот водич во справување на здодевноста во овој период. Дарк-1 даде свој придонес за справување со пандемијата, нудејќи ја нашата игра Odium to the Core бесплатно во периодот март – април.

https://dark-1.com/2020/03/17/OdiumFree.html

Покрај Odium, развивме и ARG – онлајн загатка поврзана со новата игра Скопје. Загатката е достапна наhttps://skopje.dark-1.com/terminal/ . Играта содржи информации и дел од приказната за светот во кој се одвива „Скопје“. 

Гејминг индустријата и во Македонија полека зема поголем замав, расте бројот на девелопери и можности за пласман на пазарот. Како овој еко-систем влијае на вашата работа, тешко ли е целосно да се развие игра како Skopje на ова поднебје, што се е потребно?

A: Развој на видео игри е огромна работа, и бара навистина посветен тим, многу време и ресурси. Видео игрите вообичаено се развиваат во рок од неколку години. Гејминг индустријата во последните неколку години полека но сигурно расте во нашата држава. Зголемувањето на нови, заинтересирани и талентирани луѓе и воедно зголемувањето на професионалниот кадар ги подобрува можностите за меѓусебна соработка, споделување на вештини и се разбира огромна локална поддршка.

Кога може да ја очекуваме финалната верзија на Skopje, на кои платформи ќе биде достапна и кои се вашите желби за играта?

„Скопје“ наскоро ќе биде достапна како „Early Access“ игра на Steam. Нашата желба е „Скопје“ да биде светски успешна и препознатлива игра преку која Дарк-1 ќе може да прерасне во препознатлив бренд за развој и создавање на видео игри. Оваа игра може многу да им значи на луѓето коишто живеат во Скопје токму поради фактот дека нивниот град е основата на едно невообичаено дејство во видео игра.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ АКАДЕМИК КОЦАРЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ: Академијата истражува зошто се различни симптомите кај заразените со Ковид-19

ИНТЕРВЈУ АКАДЕМИК КОЦАРЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ: Академијата истражува зошто се различни симптомите кај заразените со Ковид-19

ИНТЕРВЈУ АРГИР: НЛБ Банка ќе продолжи да кредитира и да ги поддржува фирмите повторно да ги заживеат бизнисите

ИНТЕРВЈУ АРГИР: НЛБ Банка ќе продолжи да кредитира и да ги поддржува фирмите повторно да ги заживеат бизнисите

ИНТЕРВЈУ ТРПЕСКИ: Кризата е голем предизвик за економската наука но и предизвик за македонската економија

ИНТЕРВЈУ ТРПЕСКИ: Кризата е голем предизвик за економската наука но и предизвик за македонската економија

Интервју Хасановиќ: Корона кризата го засили единството меѓу сојузниците, но хибридните закани ќе се зголемат

Интервју Хасановиќ: Корона кризата го засили единството меѓу сојузниците, но хибридните закани ќе се зголемат