26 Април, 2024
0.0372

Интервју Али Ќаили: Point Retail Park ќе претставува уживање за секој посетител

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Скопје и Македонија за прв пат ќе добијат Retail Park. Компанијата Али Тобако кој е инвеститор на овој проект наречен Point Retail Park ќе претставува уникатно доживување за сите, бидејќи се работи за комплетно нов и различен концепт на трговски центар. Point Retail Park се простира на нето површина од 9500 м2, ќе има и 300 паркинг места, а според инвеститорите ќе биде вистинска атракција за сите посетители, а според нив се очекува посетеност од целиот регион.

Разговаравме со Али Ќаили инвеститор и сопственик на Point Retail Park.

Од каде идејата за отворање на Retail Park? Знаеме дека кај нас ретко кој се одлучува за нешто ново, иновативно, нешто различно од она на што сме навикнати.

- Идејата за инвестирање во еден комплетнпо нов концепт како Retail Pаrk дојде токму од ова кое што го наведовте. Нашиот ексклузивен агент FORTON MKA, кој од самиот почеток е со нас, направи една физибилити студија каде се виде дека најдобро и најоправдано решение за овој дел од Скопје е да се направи Retail Park. Нешто што го немало кај нас, нешто што е непознато. Сакавме да направиме нешто различно за нашите граѓани, да уживаат во нешто што досега имале можност само во соседните земји да уживаат. Среќни сме што на Скопје и Македонија ќе им овозможиме да уживаат за прв пат во еден Retail Park. Point Retail Park  ќе им овозможи на посетителите максимално уживање во секојдневните активностипонудувајќи голем број на содржини. Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позициониран на највисоко место во регионот.

Од каде името Point? На што се должи?

- Името Point претставува избор од неколку кои ги имавме во предвид изминатиот период. Point претставува точка, цел, насока, и некако беше најидеално за нас.


Кои се брендови ќе ги видиме во Point?

Во Point посетителите ќе имаат можност да уживаат во LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска према и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2.  Голема благодарност до нашиот ексклузивен лизинг агент FORTON MKA / CUSHMAN&WAKEFIELD,  кој успеа да го наполни со квалитетни брендови од државата и странство и буквално е со нас од самиот почеток.

Во што се ќе можат да уживаат посетителите?

- Во Point Retail Park, предвидено е да има содржини за секоја генерација, од најмладите до постарите. Успеавме да обезбедиме квалитетни продавници кои ќе бидат атрактивни за нашите посетители и кои ќе им го заржат интересот. Принципот на работа на Retail парковите насекаде во сцетот е на база на Stop & Shop и чести гости се оние кои патуваат па застануваат за одмор, ручек, кафе, а со тоа да направат и некој шопинг. 

Point Retail Park-от се очекува да донесе и посетители надвор од границите на државата, со што ќе им го привлечете вниманието?

- Вниманието со сигурност ќе ги привлечеме имајќи во предвид  дека сме прв Retail Park кој ќе биде исполнет со голем број на квалитетни брендови, како и со голем број на содржини за посетителите. Како што веќе кажавме нашиот парк ќе има простор за буквано целодневно уживање, а и за брза реализација на вашите потреби. Понудата која ќе им ја обезбедиме за посетителите дефинитивно ќе биде интересна за целиот регион.

Ги завршувате и последните подготовки, пред официјалното отварање на 18 ти јули, па кои се вашите очекувања, на какво место ќе се позиционира Point Retail Park-от?

-Сигурни сме дека Point  ќе биде свртилиште на голем број на луѓе. Имаме предвидено голем број на активности со кој ќе го привлечеме вниманието на посетителите. Point ќе претставува понуда на “full concept” и “shopping experience”. Она кое што би сакале да го истакнеме е дека оваа инвестиција ќе придонесе за локален и национален развој на државата преку вработувања на повеќе од 200 луѓе и имајќи ја предвид иневстицијата чија вредност е околу 9 милиони евра.



Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“