07 Мај, 2024
0.0250

ИНТЕРВЈУ МИЛОСАВЛЕВСКА-НАУМОВСКА: Технолошко лидерство на Телеком со јасна визија - да ги поврземе сите, секаде, преку најдобрата мрежа

Објавено во: Економија, Интервјуа 13 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Технолошкото лидерство на „Македонски Телеком“ доби и своја официјална потврда, откако во август го доби престижното признание на американската компанија Ookla за најдобра мобилна мрежа. Со постојани стратешки инвестиции, компанијата за рекордно време го заврши и последниот циклус на модернизација на мобилната мрежа. Досега, 82 отсто од населението низ целата држава можат да ја користат 5G технологијата. Во овој момент, Телеком е единствениот којшто испорачува гигабитни брзини на 5G мобилен интернет во повеќето градови во Македонија, вклучувајќи го и Скопје. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура. Телеком има речиси 3 пати повеќе покриени домаќинства со оптичка инфраструктура од сите останaти оператори на пазарот заедно – или речиси 300.000 во споредба со вкупно 100.000 на останатите оператори. За инвестициите во мрежата, трендовите во телекомуникациите, дигиталната трансформација и технологијата како основа за одржлив развој разговаравме со Маја Милосавлевска-Наумовска, главен директор за техника и ИТ.

Што ќе ни донесат новите технологии во наредните години?

Милосавлевска-Наумовска: Огромни количини податоци се пренесуваат на интернет секој ден. Бројот на интернет корисници во светот надмина 5 милијарди, а се предвидува дека ќе има 30 милијарди поврзани уреди на крајот на 2023 година. Кај нас, користењето мобилен интернет по корисник се зголеми за дури 45 отсто во однос на минатата година. Со цел успешно да се одговори на овие трендови, потребно е интензивно ширење на мрежата, надградба со нови технологии коишто бараат големи инвестиции и сериозен фокус од аспект на безбедноста на податоците. Истовремено, новите технологии ќе придонесат да се исполнат нашите цели во рамките на програмата за одржливост ESG. А што се однесува до новите технологии, 5G технологијата од новата петта генерација, покрај тоа што нуди до 100 пати поголема брзина и 1.000 пати поголем капацитет од останатите мобилни мрежи, нуди и ултра доверливост, мала латентност, намалена потрошувачка на енергија и масивно поврзување. Резултатот е широкопојасен интернет којшто не е само супер брз, туку и сеприсутен. Треба да се споменат и потенцијалите на 5G во комбинација со вештачката интелигенција и „machine learning“, проширената реалност (XR), „edge computing“ и Интернетот на нештата (IoT) – ова е иднината за бизнисите и е неопходно за целосна дигитализација на општествата.

Неодамна Телеком го доби престижното признание за најдобра, најбрза и најраспространета мобилна мрежа од престижната американска компанија Ookla. Ова е потврда за вас како компанија којашто секогаш прва ги отвора новите технолошки ери во Македонија. 

Милосавлевска-Наумовска: Да, нашата компанија ја доби оваа извонредно важна награда којашто е одраз на реалните перформанси на мрежата. Всушност, Ooklа ги потврди тестовите на корисниците за интернет брзините и покривањето. Со оваа награда и де факто потврдивме дека ја имаме најдобрата мобилна мрежа, мрежа сосупериорна брзина, најголемо покривање на територијата на Македонија и најдобриот квалитет. А најдобрата мрежа ја имаме бидејќи го имаме шампионскиот тим во секој сегмент на компанијата, со силна посветеност кон корисникот, а таквиот тим секогаш победува! За сликата да биде појасна, ќе напоменам дека за најдобро покривање се анализирани 50.530 локации низ Македонија, а ние имаме најдобро покривање или Coverage Score од 796, што е највисок резултат во споредба со конкуренцијата. Во однос на брзината на мрежата, нашиот резултат, односно Speed ScoreTM, е 116,51 од направени 83.786 тестови на 19.580 уреди на корисниците на сите мобилни мрежи. Фактот што ова интернационално признание им се доделува на оператори со исклучителни перформанси врз основа на тестови иницирани од корисниците преку апликацииите на Speedtest®, нè прави горди на сето она што го сработивме досега и е наш силен мотив да продолжиме по овој пат. Тоа е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство оди во вистинската насока и е препознаено од корисниците. 

Признание за најдобра, најбрза и најраспространета мобилна мрежа од Ookla

Во последниот период многу често слушаме за гигабитни брзини. Што е потребно за да ги постигнеме?

Милосавлевска-Наумовска: Супериорна мрежа, интензивно и планско ширење и големи инвестиции. Одговорот на Телеком е инвестиции во иднината! Само минатата година имаве инвестиции од 70 милиони евра во развој и одржување на мрежата. Нашата цел е да изградиме мрежа којашто ќe понуди ултра брз широкопојасен интернет насекаде, со користење на сите технологии коишто нѝ се на располагање. Едно е сигурно, нема да застанеме додека не ги поврземе сите и додека не обезбедиме и гарантираме гигабитни брзини. Имаме амбициозен план за ширење на оптиката, односно значително да го зголемиме бројот на изградени оптички пристапи годишно, со што до 2032 година сите треба да бидат поврзани со оптика.

Само едно дополнување - минатата година ја воведовте 5G технологијата и бевте први на пазарот. Какви се плановите за понатаму?

Милосавлевска-Наумовска: Да, за само една година, ја воведовме 5G техологијата, за кусо време ја проширивме во 35 градови и нивните околини и, на наше задоволство, можеме да кажеме дека покриваме 82 отсто од населението во Македонија. Сепак, она што го издвојува Телеком на пазарот се гигабитните брзини коишто се веќе реалност за нашите корисници во Скопје, но и во останатите градови. Би сакала да потенцирам дека, покрај во Скопје, Телеком е единствениот оператор којшто испорачува гигабитни 5G брзини во  повеќето градови во Македонија. Веќе во 15 градови обезбедуваме врвно корисничко искуство со гигабитен 5G интернет преку фреквенцискиот обсег од 3.7 GHz, базиран на massive MIMO технологија. Во исто време со воведувањето на новата 5G технологија, целосно ја модернизиравме мобилната мрежа: поставивме 900 нови базни станици и го зголемивме капацитетот на 4G за дури 70 отсто. Како резултат на тоа имаме гигабитни брзини и ниска латенција којашто е од витално значење за врвното корисничко искуство. Ова е најголемиот технолошки развој во последниве десет години на телекомуникацискиот пазар во државата генерално, врз чија основа во наредните години ќе се развиваат нови функционалности и ќе се гради дигиталното општество.

А кои функционалности на 5G ќе се развијат/користат во блиска иднина?

Милосавлевска-Наумовска: Ние веќе работиме на примена на вештачката интелигенција преку 5G технологијата за подобрување на ефикасноста на самата мрежа и висок степен на автоматизација за подобро корисничко искуство. Преку вештачката интелигенција ќе можеме да детектираме и најмали недоследности во функционирањето на мрежите и системите и да пресретнеме или спречиме пречки без корисниците да ги забележат.

Друга многу важна примена на 5G технологијата е фиксниот безжичен пристап преку 5G којшто ќе ни овозможи  да испорачуваме широкопојасен интернет со ултра голема брзина во областите со помала густина како алтернатива за поврзување со оптика.

Покрај овој технолошки потенцијал, новата 5G технологија е и основа за пософистицирани и посигурни IoT паметни решенија, како што се решенијата за паметни градови, коишто ќе придонесат за намалување на емисијата на штетни гасови бидејќи тоа е енергетски најефикасниот стандард досега. Ова е уште една област на развој во која компаниите можат да дадат свој придонес. Многу е важно да се подигне свеста на корисниците за 5G и за сите други услуги коишто се нудат со новата технологија, а особено за позитивните ефекти врз заштитата на животната средина, но и врз економските перспективи. Ова треба да биде заеднички напор на сите чинители вклучени во новите технологии, како операторите, така и регулаторните тела.

Каде и кога ќе се користи комбинираната/хибридна FWA технологија?

Милосавлевска-Наумовска: Има места каде што од различни причини не можеме да поставиме оптика, на пример, во руралните области каде што има потежок пристап. Со помош на 5G уреди, ќе се овозможи фиксен интернет со многу големи брзини. Исто така, постојат области кадешто треба интервентно да се инсталира оптика, а процесот на добивање дозволи е во тек, но трае долго. Додека тече тој процес на добивање дозволи и изградба на оптичка ифраструктура, ја користиме 5G технологијата, овозможувајќи им на корисниците да имаат загарантирани гигабитни брзини и квалитетна услуга. За прв пат годинава ја воведовме нашата интрегрирана бродбенд стратегија и нов модел на изградба на мрежа и нејзино ставање во функција. Продолжуваме сериозно да инвестираме во изградбата на оптичката мрежа, потпираjќи се на 3 клучни точки: стартегија и нов модел на изградба на мрежа и нејзино ставање во функција. Тоа значи дека ќе градиме секаде, особено каде што имаме побарување од корисниците за фиксен интенет. Во случај од оправдани причини да не можеме да стигнеме со  оптика, ќе користиме хибрид или FWA за да гарантираме гигабитни брзини.

Зборуваме за хибридни решенија со мобилната мрежа и оптика. А каква е во моментов покриеноста со оптика?

Милосавлевска-Наумовска: Тука сме апсолутни фаворити. И тоа не го велам само декларативно. Би зборувала со конкретни бројки: Телеком има речиси 3 пати повеќе покриени домаќинства со оптичка инфраструктура од сите останати оператори на пазарот заедно. Зборуваме за речиси 300.000 покриени домаќинства со оптичка инфраструктура на Телеком во споредба со 100.000 на сите останати оператори заедно. Во март годинава, бројот на нашите корисници на оптика надмина 100 000. Но без разлика на лидерската позиција, планираме уште поамбициозно ширење и масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање. Истото се случува и со 5G мрежата, каде системски работиме на целата територија на Македонија. Постојат очекувања на пазарот, а ние со одговорност ги прифаќаме и ја градиме супериорната мрежа преку постојани инвестиции и иновативни решенија.

Со доаѓањето на новите технологии гаснат старите, се напушта бакарот...

Милосавлевска-Наумовска: Да, тоа е природен процес на замена на старото со ново. Како што се шири оптиката, така паралелно се демонтира старата бакарна инфраструктура. Имаме општини целосно на оптика во делови на Скопје, а продолжуваме со уште подинамично темпо, со план да отстраниме 50 отсто од бакарот на територијата на Скопје до крајот на годината. Продолжуваме со оваа пракса сè до целосното напуштање на оваа технологија. Оптиката гарантира брзини и квалитет, но е и многу важна компонента за заштита на животната средина – драстично ја намалува потрошувачката на електрична енергија. Оптичките влакна пренесуваат податоци на многу поголеми растојанија и немаат потреба од засилувачи, уреди коишто се користат кај бакарот и трошат многу електрична енергија. Дополнително, за да се дојде до бакар потребно е да се ископува, што влијае на биолошката разновидност, создава дополнителен отпад и има поголем јаглероден отпечаток. Каблите со оптички влакна се направени од стакло и тие се во моментов најеколошкото решение. Намалувањето на количеството бакар што го ископуваме е клучно за ограничување на глобалното затоплување.

Секаде се бараат алтернативни извори на електрична енергија и се работи на заштеда. Која е вашата стратегија за ова?

Милосавлевска-Наумовска: Ние сме посветени на заштита на животната средина и на намалување на штетните влијанија врз природата и во тој процес ја користиме и технологијата. Најголем потрошувач на електрична енергија е мобилната мрежа, којашто опфаќа околу 55 отсто од целата потрошувачка. За долгорочно да го намалиме овој тренд, веќе почнавме да работиме со функционалности базирани на вештачка интелигенција. Станува збор за сензори коишто се поставуваат на локациите кај базните станици, мерат колку енергија е потребно на одредена локација и испраќаат информација до централна платформа којашто ги обработува податоците. Врз основа на тие податоци, а и податоците за искористеност на капацитетите на секоја базна станица во текот на денот, моделите коишто се развиени на паметен начин проценуваат кога има простор некоја од нив да работи со намален капацитет. Така, не секогаш сите базни станици работат со полн капацитет и на попаметен начин се троши енергијата што носи помалку штетни емисии и големи заштеди. Планираме поставување на фотоволтаици на најголем дел од базните станици. Овој систем го имаме веќе неколку години на дата центарот во Скопје, со заштеди од над 20 отсто. Но секако инвестицијата во нови обновливи извори на електрична енергија во нашето работење се значајни и токму поради тоа налагаат долгорочен план на инвестирање.

Сведоци сме на постојани и зачестени сајбер напади како на приватни лица, така и на цели административни системи. Како да се справиме со оваа појава?

Милосавлевска-Наумовска: Сајбер криминалот е другата страна на паричката на дигитализацијата, абезбедноста на податоците неопходна хигиена. Само минатата година се случиле над 500 милиони ransomware напади, бројка којашто постојано расте. Сè почесто се случуваат и напади на државни институции каде штетата е сериозна и станува збор за лични податоци на стотици илјадници луѓе. Освен што ги компромитираат корисниците, овие напади носат финансиски загубикоишто, според официјалните статистики, растат за 12 отсто од година во година. За жал, штетата на репутацијата може да донесе долгорочни финансиски последици, дури и кога првичниот финансиски удар не е голем. Потребна е сериозна заштита и тоа од еден извор, наместо комбинирање повеќе решенија од различни добавувачи, што не можеда гарантира безбедност. Нашите решенија за сајбер безбедност гарантираат сигурност не само за приватните корисници, туку и за бизнисите и владините институции, за кои се креираат по мерка. Македонски Телеком ги има експертизата, ресурсите и платформите на европскиот телекомуникациски лидер Дојче Телеком. Мора да разбереме дека заштитата на податоците е неопходна и е приоритет во време на секојдневни напади, а нивниот тренд за жал оди во сериозна нагорна линија.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот