29 Април, 2024
0.0271

Интервју Игор Трпковски: Генералниот менаџер на Sport Vision открива како се справува со предизвиците на патот кон успехот

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Модерното време исполнето со динамика која во минатото не ни можела да се замисли, наметнува огромни предизвици за луѓето, посебно за менаџерите. Одлуките некогаш се донесуваат во моментот, не секогаш дозволувајќи доволно време да се преиспитаат. Ефикасните резултати не се лесно остварливи, но еден од оние кој успева да се справи со предизвиците на денешницата е Игор Трпковски, Генералниот менаџер на Sport Vision во Македонија. Игор за неколку години успеа да го позиционира Sport Vision како број 1 бренд за спортска облека во Македонија а оваа година компанијата ја доби престижната Best Buy награда. 

За да дознаеме повеќе околу техниките преку кои успеа да го постигне ова разговаравме директно со Игор Трпковски, претставник на новата генерација менаџери:

  1. Дали редовно ја користите интуицијата во секојдневните работни одлуки или повеќе се потпирате на Вашето искуство?

Можноста за грешка е значително помала доколку се одлучува врз основа на анализа и искуство. Природата на работата е таква што бара донесување разни видови одлуки, од оперативни на дневно ниво до стратешки кои имаат долгорочни импликации. Во менаџерските техники на одлучување се користат повеќе принципи, како на пример, матрици во контекст на дефинираните цели (важни/неважни, итни/не итни), потоа скали и проценки за веројатноста некој ризик да се случи, и колкави се последиците доколку истиот навистина се случи. Ако го правите тоа доволно често, мозокот рутински ги процесира информациите и дава аутпут земajќи ги предвид сите релевантни фактори познати до тој момент. За точноста на одлуката, најважни се правовременоста и точноста на информациите кои и претходат.

Сепак, постојат случаи, на пример во претприемништвото, каде во услови на недоволно информации и комплексност, интуитивните одлуки се пресудни за успех. Но, како компанијата расте и достигнува повисок степен на развој, потребен е систематски пристап во одлучувањето. Согласно ова, одлучувањето според интуиција ми е сведено на минимум а истото треба да се земе предвид само доколку видот на бизнисот, околностите и степенот на развој на компанијата го дозволуваат тоа.

2.  Како успевате да се справите со големиот обем на секојдневни обврски?

Со приоритизирање. По Парето, најголемо внимание посветувам на 20% од обврските кои даваат 80% од резултатот. Тоа се обврските чие исполнување е во директна врска со дефинираните цели. Кога ќе се погледне од аспектна долгорочниот интерес на компанијата, обично некои навидум “големи”, “итни” или “важни” проблеми добиваат сосем поинаков контекст и тежина.

3.  Како ја задржувате мотивацијата, сигурно работата е многу стресна, во текот на денот?

Новите предизвици ја елиминираат рутината која не е позитивна за работата. Иновативноста и современиот пристап кон потребите на потрошувачите сè она што екипно нѐ движи. Во принцип, лично, ме водат два главни мотиватори, а тоа се постигнување на зададените цели и желбата да ги унапредам процесите на кои можам да влијаам.

4.  Од каде ја црпите Вашата енергија за успех во кариерата?

Активниот живот и спортот секако помагаат. Во неделната рутина спаѓаат кошарка, џогинг на кеј и фитнес. Но, моментитепоминати со семејството се најважни. Времето со ќерката, синот и сопругата ме исполнува и ми дава енергија за сите предизвици. Со задоволство ги следиме натпреварувачките манифестации и неодамна сите учествувавме на една од трките на Скопскиот маратон, а потоа и на Прв до врв.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид