07 Мај, 2024
0.0245

Интервју Дирк Влиербум: Наградата „Најдобар бизнис хотел за 2016 година“ за Скопје Мериот хотел е резултат на посветеноста на нашиот тим

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Фактор: Нема поминато ни една година откако Скопје Мериот хотел ги отвори вратите за домашните и странските гости, а веќе сте добитник на наградата за најдобар бизнис хотел, Златна монета. На што се должи овој брз и импресивен успех?

Дирк Влиербум: Навистина е големо задоволство и чест да се добие ова признание. За нас оваа награда е многу повредна и позначајна со оглед на тоа што работиме релативно краток период, а ова признание го добиваме од Сојузот на стопански комори, како реномирано и бизнис ориентирано тело во Македонија. Златната монета и признанието од бизнис заедницата, верувам дека се резултат на посветеноста на нашиот тим, но исто така и на вредностите на брендот Мериот, што успешно ги инкорпориравме тука во Скопје Мериот. Бренд со искуство, традиција и експертиза што оди до 89 години во минатото и што е присутен во речиси 110 земји низ светот со 5700 хотели и ресорти. Потписот од светски познатиот бренд носи многу предности, во смисла на инвентивност и професионалност во работењето, а за големината и вредноста на овој бренд најдобро говорат позитивните искуства на нашите гости во секој еден хотел под брендот на Мериот.

Фактор: Кога станува збор за хотелската дејност, многу е специфично затоа што услугите се наменети за странските гости, но подеднакво комуницирате и со домашните клиенти. Што нудите посебно и со што се издвојува Скопје Мериот Хотел?

Дирк Влиербум: Скопје Мериот за своите гости нуди ексклузивност и искуство коешто го очекува денешниот турист. Пристапноста на една од најимпресивните локации во градот е само почеток на исклучителноста на Скопје Мериот. Ентериерот на хотелот е дело на дизајнерски и стилски решенија, со уникатни детали што го прави погоден за организирање на различни типови настани. Скопје Мериот на располагање на своите клиенти и гости им ја нуди и платформата Meetings Imagined, која што претставува најсеопфатна алатка за беспрекорно организирање настани, од концепти, предлози, решенија, идеи, до најситните детали како и прилагодување на концептите и настаните на последните измени, без можност да се случат пропусти. Дистрикт, барот и ресторан е посебна приказна, затоа што покрај вкусните специјалитети создадени од нашиот Шеф на кујна со богато меѓународно искуство, самиот престој нуди ново, несекојдневно доживување. Концептот на отворена кујна каде што може да се следи приготвувањето на омилениот специјалитет е интересен и уникатен момент, што се повеќе ги привлекува гостите. Додека пак, спа и фитнес центарот во Скопје Мериот е различен во секој поглед, од услуга, капацитет, можности и примена на препарати. Но, сепак, крајниот заклучок би бил дека не само една услуга е важна и го создава позитивниот впечаток, туку Скопје Мериот нуди компилација од беспрекорни услуги во секој поглед, а нашите гости и клиенти го забележуваат и ценат тоа.

Фактор: Колку ангажирањето на сите сектори и капацитети на хотелот се исплатува и се враќа како придобивка, во смисла организирање активности и настани со кои се потенцираат различните, така речи независни содржини на хотелот?

Дирк Влиербум: Од самиот почекот со работа во Скопје, интензивно и динамично создаваме нови, уникатни содржини и начини за забава на граѓаните. Го понудивме точно она што недостигаше и им овозможивме на нашите гости, пријатно и несекојдневно искуство. Креираме содржини и настани што се привлечни и интересни, и користиме најразлични начини да воспоставиме директен контакт со граѓаните и да комуницираме со нив, а резултатите се одлични. 

Можеби ќе ве интересира

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет