25 Април, 2024
0.0292

Александар Арсовски, директор на ЧР во спортските обложувалници „Спорт Лајф“

ИНТЕРВЈУ АРСОВСКИ: Почнав како оператор, а станав одговорен за над 900 вработени!

Објавено во: Економија, Интервјуа 21 Април, 2022

Добивај вести на Viber

„Спорт Лајф обложувалници“ e компанија која работи на пазарот на игри на среќа од 2002 година. Во моментов брои над 200 уплатно-исплатни места низ целата држава и преку 900 вработени, бројки и показатели кои се во постојан подем. Покрај долгата традиција, Спорт Лајф покажува сериозна организација и врвна професионалност, што сè заедно ја прави неоспорен лидер во индустријата на игри на среќа во Македонија и пошироко. Едно од најважните правила и принципи во компанијата е постојаното инвестирање во човечкиот капитал, дел од таа приказна е Александар Арсовски, директор на Човечки ресурси на спортските обложувалници „Sport Life“.

Вие сте директор на ЧР во една од 100-те најголеми компании во Македонија, како е да се биде дел од неа и да се раководи со овој важен сектор?

Арсовски: Во Спорт Лајф започнав како оператор на уплатно место, на една од основните позиции. Тоа е специфична работа во која се соочувате директно со клиентите, со различни карактери и ситуации за кои постојат посебни правила и обуки. По само две години станав сениор оператор т.е. одговорен на објект (обложувалница - н.з.), a по една година, поточно во 2010 година, врз основа на стекнатото искуство, добив можност да се докажам во секторот за Човечки ресурси како регрутер и интерен обучувач на новите вработени. Ова претставуваше еден нов момент за мене, нов предизвик и мотивација за натамошен развој. По повеќе од 10 години и бројни обуки, станав директор на човечки ресурси во Старбет - сестринската компанија на Спорт Лајф во Република Србија, а од 2020 година сум назначен за директор на Човечки ресурси токму во Спорт Лајф Трејд. За сето време ја имав поддршката на компанијата. Со помош на стипендија од Спорт Лајф, ги завршив додипломските студии на оперативен менаџмент и магистерските студии на човечки ресурси.

Мојата позиција во компанијата опфаќа и постојано усовршување во разни области и стекнување нови вештини, неопходни за раководење на секторот Човечки ресурси, како на пример: Академија за лидерство, академија за НЛП, академија за Data Science и др.

Денес, како дел од менаџерскиот тим, чувствувам уште поголема одговорност да ги следам принципите на компанијата и да придонесам за нејзиниот развој и успех.

Арсовски: Вие сте имале одлични услови за професионален развој, ги имаат ли сите вработени истите шанси како Вас за унапредување и развој на кариерата?

Не се работи за поединечен случај, туку за континуиран и сеопфатен процес, на кој заеднички се работи од страна на целиот менаџмент на компанијата. До сега компанијата Спорт Лајф има стипендирано 35 свои вработени за завршување на додипломски или магистерски студии. Во 10 свои вработени компанијата има инвестирано за завршување академија за data science, back-end програмирање и академија за графички дизајн.

Колку се почитува работникот и колку е голема можноста за напредување во компанијата покажува и фактот дека 90 отсто од менаџерски тим на Спорт Лајф, почетокот на својата кариера ја имаат  започнато како оператори и постепено низ годините биле развивани или унапредувани на повисоки позиции. Така дел од нив се во топ менаџментот, а дел во линискиот менаџмент. 

Во компанија со преку 900 вработени, како успевате да ги менаџирате сите процеси за развој на човечките ресурси и да обезбедите непречено одвивање на работните процеси?

Арсовски: Пред сè, со креирање на позитивна клима и услови за задоволни и успешни работници. Тоа значи воспоставување услови и канали за постојана и двонасочна комуникација со вработените и следење на нивните потреби. Постојано мотивирање и стимулирање на нивниот успех со соодветни плати, бонуси и награди. Креирање на корпоративна култура и добри меѓусебни односи.

Втора проблематика е обезбедувањето на квалитетни кадри, нивно поставување на соодветно работно место и континуиран развој на нивните вештини и знаења, сè со цел максимизирање на потенцијалот на човечките ресурси.

Денес, трендовите на одлив на работна сила од државата се вистински предизвик за одделот на ЧР, кој директно се рефлектира на нашето работење, и на потребата од постојани анализи, следење на флуктуациите, навремено реагирање и воведување на соодветно наградување и поволности за вработените, грижа за нивниот развој и тн. На пример, нашите викенди се работни поради природата на самата работа, но со добра организација, вработените покрај работните добиваат и слободни викенди во месецот и соодветни бенефиции.

Како ги менаџирате флуктуациите на работната сила? Дали постојат некои нови техники и иновации кои ги користите во вашата работа?

Арсовски: Во моментов голем предизвик ни е воведувањето на системот People Аnalytics базиран на Data Science, со цел собирање и анализа на податоци за секој кандидат од разни извори, со помош на способностите на вештачката интелигенција. Иако доста корисна алатка при регрутација на нови кадри, истата има голема примена и при донесување на одлуки поврзани со вработените и ефикасноста на работењето на компаниите. Ни помага за следење на состојбата на флуктуацијата, на ангажираноста на вработените, задоволството од работата на вработените, потребата од обуки и сл.

За мерење на потенцијалите на кандидатите и вработените ги користиме SHL психометриските тестови како OPQ (Оccupational Personality Questionnaire), Verify,  UCF, како и тестот за личност на Хоган (HPI), кои даваат детален увид во карактеристиките и способностите на личноста и можат да го предвидат нивното однесување. Понатаму, техники за мерење на групна динамика и работа на тимови на Human synergistic итн.

Покрај овие психометриски тестови кои се користат за проценка на кадровскиот потенцијал, се спроведуваат и анкети на годишно ниво со кои се следи задоволството на нашите вработени,  како и оценувањето преку „360˚ фидбек“.

Сеопфатно ги следиме и анализираме сите фактори кои влијаат за подобрување на работењето, но и на работните услови.

Што може да очекуваат вработените од една голема компанија како Спорт Лајф?

Арсовски: Сето она што го работиме, сите наши напори, се со единствена цел - да овозможиме најдобри услови за работа и бенефиции, за нашите вработени да бидат задоволни и да си ја сакаат работата.

Наша одговорност е да им обезбедиме стабилност и сигурност во работата. На пример: работа во комфорни објекти и простории за работа, флексибилност во работењето и работа од дома за одделни позиции, постојани обуки преку нашата онлајн платформа, како и  тим билдинг настани, патувања и сл.

Таа одговорност опфаќа и нивното наградување, поттик и мотивација, преку редовни бонуси и награди на месечно и годишно ниво. Минатата година ги прогласивме најдобрите работници за 2021 година и доделивме 60 ваучери за платен семеен одмор и посебни парични награди за другите вработени. Ваквите настани ќе продолжат и во иднина.

Нашата грижа за вработените ја опфаќа и грижата за нивните семејства. Среќни сме што можеме да овозможиме стипендии за талентираните деца на нашите вработени, како и поддршка и помош за важни настани и моменти во нивниот живот и јубилеи.

Оттука, одговорноста на Човечките ресурси во компанија како Спорт лајф е сеопфатна и бара постојано вложување во успехот на вработените, а со тоа и на компанијата. Потребно е секој еден вработен да се почувстува дека е вреден дел од приказната на Sport Life.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ