Интернетот го исмева Кристијано Роналдо за сликата со новото Ламборџини
Објавено во: Спорт 22 Октомври, 2016
Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, со чудна поза се пофали за неговото ново Ламборџини кое е дел од веќе највредната колекција на луксузни автомобили.
Интернет хејтерите не ја пропуштија можноста да го исмеваат со неколку смешни фотомонтажи од неговата поза.
За жал повеќе внимание привлече неговиот неприроден став на сликата отколку самото Ламборџини Авентадор кое вреди околу 700 илјади долари.