16 Декември, 2025
0.1365

Интернет супермаркетите во Македонија затрупани со нарачки до април

Објавено во: Економија 24 Март, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Интернет супермаркетите во Македонија се оптоварени со онлајн-нарачки со вонредната состојба што ја погоди и нашата земја и превентивните здравствени мерки кои имаат влијание како на начинот на купување, така и на самата хипер-побарувачка за одредени производи. Доколку нарачата сега достава до вашиот дом, производите најверојатно ќе ви пристигнат дури пред или на почетокот на април.

Paket.mk е интернет супермаркет кој  овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава. Сервисот е едноставен за користење, но во овој момент велат од таму дека побарувачката е зголемена за седум до осум пати повеќе и дека последните што нарачале ќе ги чекаат своите производи до следниот понеделник.

- Во овој момент потребен ни е десет пати поголем капацитет за да можеме веднаш да ги услужиме купувачите без да чекаат толку време. Инаку, до сега стандардно клиентите беа ценовно сензитивни со брз начин на живеење. Но во последно време имаме многу нови купувачи, а и самиот обем на она што се купува во една нарачка е зголемен и се купува речиси се што нудиме, вели Драган Јосифовски, управителот на Paket.mk.

E-commerce проектот на Paket.mk трае две години, а Јосифовски вели дека добро нешто што може да се извлече од актуелната ситуација со кризата е тоа што ги натерала потенцијалните купувачи да научат дека може да се купува и преку интернет.

- Во овој период нарачките се смирија до извесен степен, за разлика од изминатите недели кога наголемо се трупаа залихи. И покрај тоа, ние го шириме нашиот капацитет. Имаме 20 работници, а во моментов бараме дополнителна работна сила. Работиме 24 часа во три смени, а доставата барем до сега беше од 10 до 22 часот. Сега работите се сменија со новите мерки и ние чекаме да видиме што ќе ни се дозволи, а што не, дополнува Јосифовски.

Подружницата e-tinex.mk на Тинекс-МТ овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во самите маркети преку електронски пат за сметка од најмалку 300 денари. И од таму за „Фактор“ велат дека оние што нарачувале во текот на вчерашниот ден ќе треба да ја чекаат доставата до 1 или 2 април, бидејќи се зафатени сите слотови.

- Ги прошируваме капацитетите и потребни ни се дополнителни работни ресурси. Во моментов работиме со 17 луѓе кои пакуваат и превезуваат. Со новите мерки на превентивна заштита тоа е и очекувано, исто како што ќе го воведеме работењето „order and collect“ за што треба да се дојде само до касата, ни изјави Никола Димитровски, одговорното лице на подружницата

Тој т6врди дека нарачката во последниот период е зголемена за три пати повеќе, а структурата на клиенти е од помлади до повозрасни со доста нови учесници.

- Најмногу се купува конзервирана храна, брашно, шеќер, млеко, вода и тоа главно се во пакети. Млеко и вода се купува 150 парчиња одеднаш. Се купува многу и тоалетна хартија - по 20 парчиња. Се купуваат по 20 паштети одеднаш, три пати повеќе грав и три пати повеќе пченка, сублимира Димитровски.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи