26 Април, 2024
0.0284

ИНСПЕКЦИИ: Транспортен и АХВ најмногу удираат по џебот, „Животна средина“ се бори со кривични пријави

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Инспекторатите за земјоделство и за животна средина биле најригорозни во досегашната евиденција на Инспекцискиот совет оваа година кога станува збор за поднесените кривични пријави. Во првите два квартали од 2019, земјоделскиот поднел 15 кривични пријави против субјекти, додека оној за животна средина шест и тоа сите од 1 јануари до 31 март кога е сезоната на загаден воздух. 

Инспекторатите, инаку вкупно 28 на број, трошат годишно една милијарда денари, а од следната година со работа ќе започне и Државниот инспекторат за употреба на јазиците. Инаку, Државниот инспекторат за труд поднесува  убедливо најмногу прекршочни пријави, со околу 330 во првата половина од годината.

По бројот на надзори предничи Агенцијата за храна и ветеринарство како служба која покрива над половина од сите вкупно, или во просек повеќе од 30 илјади, додека во најактивните се и земјоделскиот со над 11.000, иако ефектот од тоа е мал број на казни,,  и оној за труд. Вообичаено најмалку инспекциски проверки извршува Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Капетанија на пристаништата Охрид.

Најревносни се инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство, каде што секој вработен врши по 100-тина надзори за едно тримесечие, но исто така и инспекторите за земјоделство со евидентирани 105 надзори по инспектор во вториот квартал, додека на трето место се трудовите. Оскуден број на надзори по инспектор бележат Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Управата за заштита на културното наследство, Центарот за управување со кризи, Државен комунален инспекторат, Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Државен архив и Агенција за млади и спорт и Министерство за труд и социјална политика. Повеќето од нив немаат ниту по 10 проверки по инспектор за едно тромесечие.

Може да се каже дека во овој период Животна средина остварила околу 250 вонредни инспекции во врска со загадувањето, иако планирала само 14. Кога станува збор за вонредните инспекции по одделни инспекциски служби најактивен надвор од планираното е Државниот инспекторат за земјоделство со 63,71 отсто од вкупниот број на надзори надвор од шаблонот кај сите инспекторати и служби.. Земјоделскиот инспекторат е убедливо најактивен на ова поле, ако се знае дека на второто место е Агенцијата за храна и ветеринарство со 17,77 проценти во вкупната структура на вонредни интервенции. Во последниот евидентиран квартал, земјоделскиот остварил дури 10.773 вонредни инспекции, Агенцијата за храна и ветерина 2.005, а транспортен имал 1.197 надвор од предвиденото. 

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам е најголемото разочарување со ниту една инспекциска мерка во април, мај и јуни, по претходните 97. Покрај овој инспекторат, ниту една мерка не изрекол ниту Центарот за управување со кризи. Најмногу удираат по џебот Инспекторатот за транспорт со повеќе од 2.800 решенија досега, а потоа од Агенцијата за храна и ветеринарство со нешто повеќе од 2.500 казни, што го прави овие две служби евидентно најистакнати.

Државен санитерен и здравствен инспекторат води со 90 покани за порамнувања на казните во вториот квартал, додека во прв квартал Државниот пазарен инспекторат бележи 337 изречени покани за порамнување кон казнетите. Секој трет, па и секој втор надзор на Управата за културно наследство, Државен инспекторат за транспорт и Министерство за труд и социјала завршува со некој вид на мерка.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката