ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФЕРЕНДУМ: Ова би значело излез на Бугарија од ЕУ?
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2020
Референдум за усвојување на еврото би значел излез на Бугарија од ЕУ.
Oва го тврди екс бугарскиот заменик министер за финансии, Љубомир Дацов.
Неговата реакција е по повод иницијативата на партијата „Волја“ за организирање референдум.
Тој рече дека „доколку кој било политичар сака да си игра во таа сфера, тоа конкретно значи дека референдумот за евро е гласање за излез од ЕУ“.
Вели дека смешно е да се очекува, со усвојување на еврото, Бугарија да ја доживее судбината на Грција.