14 Декември, 2025
0.0570

ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО СИЛНО ТЕМПО И СЛЕДНАТА ГОДИНА, растот на економијата само 2,3 проценти

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2022 13:12

Добивај вести на Viber

Домашната економија ќе порасне за 2,3 проценти, а во 2023 година се очекува раст од 2,6 отсто. Инфлациајта и понатаму висока, просечна годишна стапка од 14,3 проценти за 2022 година, а намалување во 2023 година. Ова го соопшти Народна банка на денешната конференција по редовната седница. 

Изгледите за растот на домашната економија се коригирани надолу. Во услови на исклучително голема променливост на претпоставките и висока неизвесност, изготвени се две сценарија. Според основното сценарио, стапките на раст изнесуваат 2,3% и 2,6% за 2022 и 2023 годинасоодветно, поддржани од домашните фактори поврзани со најавените инфраструктурни инвестиции и инвестициите за проширување на капацитетите кај дел од извозниот сектор. Доколку оваа поддршка биде послаба од очекувањата, имајќи го предвид понеповолното надворешно окружување, во второто сценарио економските изгледи ќе изнесуваат 2 отсто и 1,8 проценти за оваа и за следната година. На среден рок, се предвидува зголемување на растот на БДП на 3,6 отсто во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година. Ризиците околу проектираната патека на растот се надолни и ќе зависат главно од надворешното окружување - прецизираше гувернерката Анита Ангеловска - Блажеска. 

Од НБ дополнија дека инфлацијата во октомвриските проекции е ревидирана нагоре, во услови на претежно нагорни корекции на оцените за увозните цени. За 2022 година, се предвидува просечна годишна инфлација од 14,3 проценти. За следната година, се очекува намалување на притисоците врз домашната инфлација. При вакви очекувања, како и оцени за отсуство на поголеми притисоци од побарувачката, за 2023 година се очекува дека просечната стапка на инфлација ќе биде поумерена и ќе изнесува 8 - 9 отсто, во зависност од порастот на цените на електричната енергија на регулираниот пазар. Се очекува дека врз движењето на инфлацијата би делувале и мерките за субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија од страна на државата, како и постепеното затегнување на монетарната политика. За 2024 година се очекува дека инфлацијата значително ќе забави, сведувајќи се на 2,4% и ќе се врати на историскиот просек од 2% во 2025 година.

- Растот на цените на енергентите предизвикуваат проширување на дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања. Во однос на претходните проекции, во овој сегмент нема поголеми промени. За 2022 година се очекува дека дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања ќе изнесува 7,4 отсто од БДП, наспроти 3,1 проценти во 2021 година. Влошувањето е одраз на проширување на енергетскиот дефицит, додека кај сите останати компоненти се очекуваат поместувања во позитивна насока. Финансирањето на тековниот дефицит, како и досега, би било овозможено од приливите преку директните инвестиции и задолжувањето на државата, при што девизните резерви во целиот период на проекциите се задржуваат на соодветното ниво, како гаранција за стабилноста на курсот на домашната валута - посочија од НБ.

Најновите проекции за кредитниот пазар упатуваат на умерено забавување на растот на кредитната активност до крајот на 2022 година, што ќе продолжи и во 2023 година. Растот на кредитите во 2022 година би изнесувал 9,2 проценти на годишна основа, додека во 2023 година 7,1 отсто. Во следниот период се очекува стабилизирање на кредитната активност, со просечна стапка на раст од 7,5 проценти во периодот 2024 ‒ 2025 година, во услови на раст на домашната економија, стабилизација на очекувањата и зголемена побарувачка на кредити од домаќинствата и корпоративниот сектор. Со стабилизацијата на тековите и со делувањето на мерките на Народната банка за поттикнување на денарското штедење, се очекува  раст на депозитите од 6,5 отсто во 2023 година и 8 проценти, во просек, за периодот 2024 ‒ 2025 година.

- Општо земено, најновите оцени за растот на македонската економија се понеповолни во однос на априлскиот циклус проекции за оваа и за следната година, под влијание на војната во Украина која продолжува, а со тоа се продлабочува енергетската криза, што, пак, посилно се одразува врз изгледите за растот и инфлацијата. Оцените се проследени со висока неизвесност, а ризиците се изразено надолни и се поврзани со геополитичките случувања кои неповолно влијаат и врз цените и врз економската активност во глобални рамки. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, одлучно ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност - посочуваат од НБ.  

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји