14 Декември, 2025
0.0485

ИНФЛАЦИЈАТА ГО „ИЗЕДЕ“ АВТООСИГУРУВАЊЕТО: Осигурителниот бизнис е обесправен, работи со стари цени од пред 17 години

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2025 15:30

Добивај вести на Viber

Со непроменети цени цели 17 години, осигурителните компании продолжија да продаваат полиси за осигурување на возила и покрај енормните поскапувања во сите сектори кои го засегаат овој бизнис.

Иако цените на полисите останаа исти, цените на резервните делови на возилата,  вредноста на возилата, работната рака, реосигурувањето, драстично се зголемија, а со самото тоа што минатата година, беше донесена одлука да нема покачување на цената на полисите, беше нанесен неправеден удар кон осигурителната индустрија.

Познавачите велат дека мора да има корекции на цените, бидејќи инфлацијата го изеде автоосигурувањето. Велат дека некои работи кои ја засегаат оваа индустрија се со пораст на цената од над 100 проценти и дека тоа претставува голем товар за компаниите од осигурителниот бизнис.

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

Минатата година цените на полисите беа фиксирани од страна на Министерството за финансии, откако осигурителните компании побараа да се зголемат цените, заради зголемите цени на автоделовите.

Поконкретно, лани во мај, Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност утврди потреба од измени на тарифата за премии за осигурување и подготви предлог-измени со кои се враќа цената на осигурувањето за автоодоговорност, на ниво на кое што беа пред 25 април минатата година.

Од министерството за финансии уште тогаш истакнаа дека состојбите на пазарот ќе се следат и дека ќе се преземаат соодветни одлуки, врз основа на анализи и во еден отворен и транспарентен процес, но до ден денес нема никакви измени во цените на автоосигурувањето.

Д.Т.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји