14 Декември, 2025
0.0455

Индијци работат во Србија, ги прашавме дали би работеле во Македонија?

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2023 07:30

Добивај вести на Viber

Индијци веќе работат во Србија, а дел од индиските граѓани ги контактираат своите сонародници за да прашаат дали и тие би можеле да најдат некаква работа кај нашиот северен сосед и колкави се платите.

Прадеп Мудалиар од Индија е механичар кој месечно заработува до 260 долари во својата земја и се обидел да најде работа во Србија, но засега не успеал во намерата. Објаснува дека 260 долари не се доволни за да опстане едно семејство. Овој човек за Фактор вели дека би се преселил во странство, би дошол и на Балканот, но македонската просечна плата за него е мала за да опстане овде. За него е важно дали освен платата, би имал обезбедено сместување и оброци. Објаснува дека би прифатил работа во регионов, но за плата од 800 евра, затоа што дома не плаќа кирија, инфлацијата е ниска, но овде како странец ќе мора да плаќа за сместување, а воедно иако не располага со точни податоци, знае дека скоро сите земји имаат висока инфлација. Кога му кажавме колку изнесува македонската минимална, а колку просечна плата, смета дека примањата се ниски.

„Минимална плата од 300 евра е многу мала, а би работел за 800 евра. Не знам точно каква е состојбата во Србија, слушнав дека земјата е скапа. Таму трошоците за живот се доста повисоки за разлика од Индија. Сега во Европа има висока инфлација, а во Индија е ниска, нешто над 5 отсто. Индијците одат во странство за да работат и тоа најчесто во САД, Канада, Малезија и Сингапур“, раскажува Мудалиар.

Депак Рајани, Индиец кој живее и работи во Берлин, вели дека голем број негови сонародници се селат во Германија затоа што имиграцијата е олеснета. Додава дека Индијците таму почнуваат да работат за плати од над 2.000 евра. Објаснува дека Балканот нуди помалку можности и пониски плати. 

„Тоа е добро познат факт, дека доселувањето е олеснето во Германија. Но, не знам колкави се трошоците за живот во Србија или Македонија, затоа што не сум бил таму. IT инженерите кои имаат искуство, заработуваат и по 80.000 евра годишно во Германија“, вели тој.

Групите на социјалните мрежи каде Индијците се информираат за работа во Србија имаат по неколку илјадни членови. Индијци веќе живеат и работат во Белград. Ангажирани се како возачи на автобус, градежници, помошни работници. Во Србија во 2020 година легално регистрирани биле 410 работници од Индија, но работата на „црно“ сепак постои. И дел од македонските работодавци истакнуваа дека Македонија треба да размислува за „увоз“ на работна сила. Неодамна светските медиуми пишуваа дека Индија има огромна млада популација за која државата нема да може да обезбеди работни места, поради што во иднина се можни социјални немири. Беше наведено дека лекари се нафаќаат да работат за плата од 300 долари. Лани во мај, просечната плата во Индија изнесувала 422 долари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/tongstocker1987

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји